Македонија
Општина Центар почна со реализација на проектот „Училишни сообраќајни единици“
Поради зголемената грижа за безбедноста на учениците, Општина Ценар реализира низа проекти, чија цел е зголемување на безбедноста на учениците при нивното доаѓањe и заминување од училиште.

Општина Центар во соработка со СВР Скопје и со поддршка на „Америт сиз Македонија“ почна со реализација на проектот „Училишни сообраќајни единици“, соопштија од Општината.
„Безбедноста на учениците е еден од главните наши приоритети. Имaјќи предвид дека повеќето од нашите училишта се сместени на високофреквентни локации, Општината прави напори да ја зголеми нивната безбедност. Сакам да ја изразам мојата благодарност до СВР Скопје и до „Америт сиз Македонија“ како општествено одговорна компанија што ни даде безрезервна поддршка за овој проект. Исто така, очекувам долгорочно зголемување на безбедноста на учениците во рамките на европските стандарди на безбедност“, изјави градоначалникот Саша Богдановиќ.

Членовите на училишната сообраќајна единица, информираат од Општината, обезбедуваат премин на учениците преку коловоз пред училиштата (исклучиво во присуство на наставник и службено лице од МВР), учествуваат во спроведување сообраќајно-воспитни акции, даваат информации на учениците во сообраќајот за објектите во чија близина ги извршуваат своите задачи, а им укажуваат на учениците во сообраќајот на грешките што ги прават поради превентивно и воспитно дејствување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Министерот Алиу во посета на Клиниката за детски болести: им посака на сите деца поскоро оздравување
Министерот за здравство Азир Алиу, заедно со заменик министерот Јовица Андовски и претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја посетија и Клиниката за детски болести.
Како што известија преку социјалните мрежи, на сите дечиња им посакаа среќна Нова Година исполнета со безгрижност и радост и што поскоро да оздрават и да се вратат дома кај своите семејства.
Македонија
„Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат Заев и Филипче во публика во Гармиш-Партенкирхен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ
„Чудно како СДС избегнаа да го спомнат Гармиш-Партенкирхен и заборавија да одговорат дали во моментов Венко Филипче таму изиграва елита со неговиот лидер Зоран Заев? Сите гледаат ски скокови за да видат кој ќе победи, само СДС следат дали ќе ги видат лидерот Зоран Заев и неговиот намесник Венко Филипче во публика“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Се надеваме дека Филипче им кажал на СДС во колку почнуваат скоковите, за да може нивните од СДС да го видат како се радува до нивниот лидер Зоран Заев.
А интересно е што од се што можеа тие се фатија за парите на златната виза од Дубаи на Венко Филипче, веројатно затоа што точно знаат колку чини, односно им кажал колку ја купил и дали е врзана за 42-катницата, но како што признаа дека ја поседува и дека ја платил, кај да е ќе кажат и колку имот поседува во Дубаи.
За Харис нема што да додадеме верните фанови од СДС верно му ги следат настапите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави дека аеродрoмот Св. Апостол Павле во Охрид конечно е легализиран.
„На последниот ден од 2025 година сакам да споделам убава вест дека охридскиот аеродром кој оперира уште од 1970-тите години конечно е легализиран!
Изминатава година тим од Министерството за транспорт, АД Аеродроми и ТАВ, заедно со Катастар, Државното правобранителство, Управата за имотно-правни работи и други владини институции посветено работеше конечно да се впише Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ во катастар и конечно овој стратешки објект да добие имотен лист.
Во нормални услови ова воопшто не би било вест, но после толку години негрижа и запоставување на државниот капитал сметам дека е важно да се запознае јавноста.
Во следниот период ќе работиме на модернизација и реконструкција на Охридскиот аеродром со цел да привлечеме нови туристи“, објави вицепремиерот Николоски.

