Македонија
Општина Чаир му отстапува простории на користење на Универзитетот „Мајка Тереза“
Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза“, Азиз Положани, потпишаа денес договор за отстапување на користење на Универзитетот „Мајка Тереза“, т.е. на просториите за образовна дејност под сопственост на Општината, без надоместок и на неопределено време во согласност со одлуката на Советот на Општина Чаир.
Во врска со ова градоначалникот Ганиу истакна: „Со овој акт ја докажуваме нашата спремност за максимална помош и поддршка на нашите универзитети за зајакнување на нивните просторни капацитети и во служба на квалитетен образовен систем. По ослободувањето на просториите со одлука на Државниот универзитет во Тетово за затворање на дисперзираните студии во Скопје, сакам да искажам голема благодарност, особено до нив, за нивниот придонес во целиот овој период. Студентите од последната генерација на ДУТ во Скопје, кои ги имаат завршено предавањата и кои треба да го завршат циклусот на испити, ќе ги имаат на располагање овие простории за одржување на испитните сесии, а на раководството и на студентите на Универзитетот ‘Мајка Тереза’ им посакувам многу успех и користење на просториите што им ги ставаме на располагање во служба на достојното претставување на нашите образовни вредности“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

