Македонија
(Видео) Орданоски: Набргу ќе слушаме бомби за Заев и неговите соработници
Власта и опозицијата подготвуваат терен за предвремни парламентарни избори, кои, најверојатно, ќе се одржат за 6 до 8 месеци, смета аналитичарот Сашо Орданоски. Според него, изборите ќе бидат резултат на нова политичка криза, која ќе се случи во следните месеци.
„Видовме дека на СЈО не му е предаден целиот материјал од прислушуваните разговори. Очекувам многу бргу, уште наесен, некој да се обиде да извади компромитирачки разговори за сегашната власт. Сигурен сум дека опозицијата има илјадници разговори што ќе ги стави во функција за дискредитација на премиерот Заев и неговите најблиски соработници“, вели Орданоски.
Дека предвремените избори се сè поизвесни смета и Џабир Дерала, кој на дебатата за реформа на Изборниот законик, организирана од „Цивил“, порача дека е неопходно да се професионализира ДИК, да се прочисти Избирачкиот список, како и да се промени изборниот модел во една изборна единица, за конечно спроведување фер, слободни и демократски избори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

