Македонија
Ѓорѓиевски: Имаме визија за просторно планирање, зелена инфраструктура и енергетска ефикасност за поубаво Скопје
На вечерашниот митинг во Скопје, со кој започна кампањата за претстојните локални избори, имаше свое обраќање Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, кој истакна дека Скопје е заеднички дом на сите без поделби, посочувајќи ги успешните проекти кои ги има направено за општина Кисела Вода како градоначалник, како и дека тоа искуство, енергија и исполнети ветувања, го водат кон правиот пат, за уште поголем успех за поубаво и модерно Скопје.
„Скопје не е само град. Скопје е наш заеднички дом. Град на кој му припаѓа секој од вас, без разлика на партија, вера или националност. Имам кредибилитет и докажана работа зад мене. Имам биографија на исполнети ветувања и задоволни граѓани на мојата општина Кисела Вода. Тоа искуство, тоа наследство, таа енергија сега ја носам за цело Скопје. Затоа денес повторно ви велам. Јас сум Орце, Јас сум прво човек, па дури потоа градоначалник“, вели Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски ги истакна сите проблеми со кои се соочува Скопје, како дивите депонии, колапсот на јавниот превоз, метежот во сообраќајот и за кои тој има план, реални и остварливи решенија.
„Скопје денес се соочува со големи предизвици. Загаден воздух кој ни го краде здравјето, но мораме да го промениме тоа. Метеж во кој губиме часови, а не смееме да го прифатиме како непроменлив факт. Диви депонии што не посрамотуваат, а нема да се смириме додека не ги исчистиме. Јавен превоз на раб на колапс, а сме град кој може подобро. Е, тоа време завршува! Јас знам едно: овие проблеми не се посилни од нас. Тие се тест за нашата решителност. А ние имаме сила, имаме волја и што е најважно имаме план за сето ова, истакна Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски ги истакна седумте столбови врз основа на кои е изградена програмата за Скопје, а кои воедно се и темелите за иднината на градот, за чист, зелен, модерен и достоинствен град.
„Првиот столб е одржлив урбан развој, ќе изработиме визија „Скопје 2025–2045, 20 годишен стратешки документ изготвен од меѓународни и наши експерти кои во себе ќе ги интегрира просторното планирање мобилноста, зелената инфраструктура, енергетската ефикасност, управувањето со ресурси, социјалната инклузија и заштитата на културно наследство согласно европските стандарди за квалитет на живеење. Вториот столб е здрава животна средина, во првите 72 часа, почнуваме со „Генералка на Скопје“, Третиот столб е целосна комунална и сообраќајна обнова, ќе ги довршиме сите запрени проекти, хаосот со паркирањето ќе го решиме со катни гаражи во Буњаковец и Пролет, и монтажни паркинзи во сите критични населби, четвртиот столб е културата, Скопје ќе биде Европска престолнина на културата во 2028 година, ќе ја обновиме Универзалната сала и киното „Милениум“, петтиот столб е дигитална трансформација, со паметната картичка „SKOPJE CITY GO“ и „Градски портал“, сите услуги ќе бидат достапни на едно место, шестиот столб се младите и науката и седмиот столб е јавната грижа и безбедноста, брз, ефикасен и достоинствен јавен превоз со нови, еколошки автобуси и градски воз кој ќе ги поврзе Драчево, Центар и Ѓорче Петров“, рече Ѓорѓиевски кој е кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ чиј слоган е „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци, правда ќе има
Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 посто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7 годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе одговара, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Извршната власт во овој случај има обврска да го обезбеди бегалецот пред органите на правдата и тоа МВР го направи.
Што се однесува до лицемерието на СДС тоа се гледа и во фактот што до вчера велеа дека власта го пуштила да избега, а од денес велат дека е договорено неговото обезбедување пред органите на прогонот. Вистината е дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе одговараат. Судскиот процес за Артан почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има“.
Македонија
Дефокус не го полни фрижидерот, потребна е 600 евра минимална плата, велат од СДСМ
Со дефокус нема да ја тргнете темата за 600 евра минимална плата. Дефокус не го полни фрижидерот, истакнуваат од СДСМ.
„Со дефокус не можете да ја тргнете главната тема и да ги оставите работниците без леб. Мислите дека со дефокус ќе се избрише сеќавањето на авионот, часовниците од 65.000 евра, чантите од 30.000 долари. Повеќе не можете така да поминувате. На сите им е сè јасно. План за ребаланс на буџетот и кратење на луксузот ви дадовме. Прифатете го предлог-законот, откажете се од авионот, мебелот и луксузирањето. Дајте им на работниците тоа што го заслужуваат за пристоен живот.
Џабе ви се 40% од медиумите во сопственост на Орбан – гладен стомак не можете со пропаганда да го убедите дека е сит. Луѓето живеат тешко додека вие ги полните џебовите со тендери“.
Секојдневно ја задолжувате државата за вашите тендери, ги полните своите џебови додека луѓето едвај врзуваат крај со крај, реагираат од СДСМ за ВМРО-ДПМНЕ.
„Вашите црни кампањи, така наречени новинари како Латас, Ивона, Геро и „суперхероите“ како Бетмен не поминуваат повеќе. Вашите Алфа/Алта мрежи не можат да го запрат незадоволството кај народот.
Прифатете го законот заради работниците – доста беше од вашите игри.
Ќе дојде ден кога правосудството ќе биде слободно – сите ќе одговарате“.
Македонија
Поради одрон на патниот правец Катланово – Велес, сообраќајот се одвива по една коловозна лента
Од 08:40 часот поради одрон на патниот правец А1 Катланово – Велес, на 2,5км после Б.П. Детоил сообраќајот се одвива по една коловозна лента во должина од 20 – 25 метри, соопшти АМСМ.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево

