Македонија
Осигурајте го вашиот објект од земјотрес
Земјотресите не можеме да ги предвидиме, но затоа можеме да ја предвидиме осигурената сума при евентуална штета од него.
Осигурувањето од земјотрес ви нуди материјална сигурност за штета што може да ја предизвика земјотресот. Природните појави не можеме да ги контролираме. Затоа, „Кроација осигурување“ има продукт со кој ќе можете да бидете спокојни – осигурување станбени и деловни објекти од земјотрес.
При несреќен случај „Кроација осигурување“ врши брза процена на штети врз основа на фотографии, осигурените лица добиваат нужно сместување, а компанијата е обврзана за исплата на средства за расчистување на градежниот шут. Сите загуби или штети на имотот што се случиле во кој било период од седумдесет и два последователни часа, во кои спаѓа настанот, а тие загуби или штети се непосредно предизвикани од земјотрес или последователен потрес, ќе се смета дека се предизвикани од еден земјотрес и следствено сочинуваат една загуба во смисла на оваа полиса.
„Она што нè прави поинакви од другите компании што го нудат овој тип осигурување е тоа што овој производ го нудиме како самостоен, кој може да се купи без да се врзува за друго имотно осигурување (пожар или домаќинско). Не чекајте, јавете се кај нас на телефонот 02/32 51 150 и дознајте повеќе за понудата за осигурување на вашиот објект од земјотрес“, велат од „Кроација осигурување“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Бутел утре без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре поради изведување на водоводен приклучок ф-225мм на Радишанска Лево бб (Бел Камен), општина Бутел, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
(Видео) Се уриваат дискотеките во Градски парк, ќе се гради нов Луна парк
Старите дискотеки во Градскиот парк во Скопје ќе бидат урнати, а на нивно место ќе се изгради нов Луна парк, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
Уривањето на дискотеките и расчистувањето на просторот веќе е започнато, а нема најава кога ќе почне изградбата на новиот Луна Парк.
Ѓорѓиевски објави видео на кое, како што вели, се отстрануваат старите бесправно изградени дискотеки, со што локацијата се подготвува за реализација на проектот – изградба на Луна паркот во Скопје.
„Ред мора да има! Се расчистува просторот за изградба на луна паркот. Старите бесправно изградени дискотеки во Градскиот парк заминуваат во историјата. Како што ветив, најдоброто за Скопје“, напиша тој.
Македонија
АХВ нема да постапува по анонимно поднесени претставки
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира физичките и правните лица дека согласно член 62 став 3 од новиот Закон за инспекциски надзор, кој е во сила од 01.01.2026 година, инспекциските служби на АХВ нема да постапуваат по анонимно поднесени иницијативи за спроведување на инспекциски надзор за прашања од делокруг на работењето на институцијата.
Постапувањето по иницијативите кои се уредно поднесени ќе се реализира согласно Процедурата за постапување по иницијативи за инспекциски надзор на АХВ.
Иницијативата може да се поднесе директно до АХВ преку контакт формата Поднесете претставка објавена на интернет страната на Агенцијата, електронски на [email protected], [email protected], како и лично во секоја подрачна единица на АХВ, на соодветен образец за поднесување иницијативи.
„Иницијативата задолжително треба да содржи назив на инспекцијата до која се поднесува, име, презиме и адреса на подносителот, односно, назив и седиште на правното лице, законски застапник или полномошник доколку го има, краток опис на повредата и назначување на субјектот кај кој се бара вршење на инспекциски надзор.
Доколку поднесената иницијатива е нецелосна или нејасна, таа ќе се врати до подносителот кој треба да ја прецизира/дополни во рок кој не подолг од 7 дена. Доколку подносителот не ја дополни иницијативата во определениот рок ќе се смета дека истата е повлечена“, соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство.

