Македонија
(Видео) Османи: Бомбите не нѐ засегаат, тие се обврска на институциите

Демократската унија за интеграција не е вознемирена ниту презема некакви мерки по објавувањето на бомбите на Ел Чека, со разговори на членови на партијата. Вицепремиерот Бујар Османи смета дека тие се исклучива обврска на институциите.
„Во ДУИ ова прашање воопшто не е разгледано, ниту е во никаков формален или неформален контекст анализирано бидејќи сметаме дека не е прашање што треба партијата да го разгледа ниту не засега туку е прашање на институциите кои треба да гарантираат дека приватната комуникација на граѓаните треба да биде гарантирана. Институциите имаат обврска тоа да го сторат. Апсолутно немаме никаква вознемиреност во тој дел ниту нешто посебно правиме бидејќи тоа не е надлежност ниту на ДУИ ниту на другите политички партии, тоа е прашање на институциите“ рече Османи.
Содржината на бомбите се приватни разговори кои Османи вели дека нема да ги коментираат туку ќе остават институциите да се занимаваат со тоа.
Вицепремиерот нагласи дека партијата ДУИ била предмет на специјални војни откога постои, но секогаш од сите предизвици излегувала посилна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
СДСМ го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на Галетановски: МВР веднаш да го расчисти случајот

СДСМ најостро го осудува криминалниот чин и палењето на возилото на претседателот на Градската организација, Ѓорѓи Галетановски.
„Со доаѓањето на ВМРO-ДПМНЕ на власт безбедноста на граѓаните е сериозно загрозена.
МВР наместо да се занимава со тоа како лица блиски до ВМРО-ДПМНЕ да земат милионски тендери нека земе конечно нешто да работи.
Бараме МВР и сите надлежни институции веднаш да постапат, целосно да го расчистат случајот и сторителите да одговараат“, велат од СДСМ.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 132 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 01.09. до 07.09.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 132 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
СДСМ најави: Ќе продолжиме со објавување на „Вистината за АНБ“, што ја плаши власта па бега од декласификација?

„Што ја плаши власта толку многу па бега од декласификација на документите за случајот со АНБ“, прашува СДСМ.
„Дали е тоа поврзано со сомнителни, криминални активности на ВМРО-ДПМНЕ или влијание на туѓи држави? Зошто самиот премиер Христијан Мицкоски, кој тврди дека бил следен, не побара веднаш декласификација на целата документација од Агенцијата за национална безбедност?
СДСМ ќе продолжи со објавување на вистината и со поставување на вистинските прашања од кои бега власта“, велат од опозициската партија и најавуваат прес-конференција за 11 часот денеска.