Македонија
Османи во Будимпешта: Обединување на Балканот со ЕУ во 2030 година е реална цел

Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, денес учествуваше на балканскиот форум во Будимпешта.
Османи имаше обраќање на панел-дискусијата заедно со министерот за надворешни работи на Унгарија, Петар Сијарто, министерката за Европа и за надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, и со министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.
„2030 година е реална цел за обединување на европскиот континент преку вклучување на Балканот во ЕУ. Крајно време за ЕУ да го реализира и потврди отворениот пат за Западен Балкан кон членство во ЕУ, даден уште во 2003 година, на кој регионот напорно работи изминатите децении. Ова ќе претставува охрабрување и за Украина, која соочена со директна воена агресија исто така го брани нивниот избор за почитување и припаѓање кон европските вредности“, истакна Османи.
Османи на маргините на балканскиот форум во Будимпешта реализира многубројни средби со хомолози од регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Обуки за безбедна евакуација во училиштата во општина Ѓорче Петров

Во насока на унапредување на безбедноста во основните училишта, Општина Ѓорче Петров одржа координативен состанок со директорите на сите основни училишта од општината, како и со претставници од Министерството за внатрешни работи. На состанокот се разгледуваше и договори примена на Протоколот за безбедна евакуација од училишта и справување со паника во итни ситуации.
„Целта на протоколот е да се обезбеди систематска и ефикасна заштита на учениците и наставниот кадар при евентуални закани како пожар, земјотрес, чад или други вонредни ситуации. Преку јасни процедури и обуки, општината се стреми кон создавање сигурна и смирена средина за децата во текот на наставниот процес“, соопштија од Општината.
Протоколот предвидува два пати во годината обуки за учениците и наставницита, едукација за препознавање панични реакции и техники за нивно совладување, практични вежби за смирена и контролирана евакуација, јасни и видливи евакуациски рути и мапи во секое училиште, инсталација на посебен алармен систем-различен од редовното ѕвоно и активирање на протоколот при реална опасност или по налог од надлежни институции и лица.
Македонија
Нов протокол за засилување на соработката помеѓу МВР и Јавното обвинителство

Денеска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и Јавниот обвинител на Македонија Љупчо Коцевски потпишаа нов Протокол за соработка помеѓу МВР и Јавното обвинителство, со што уште еднаш ја потврдија посветеноста за засилување на интер-институционалната координација за успешно откривање и докажување на кривичните дела и нивните сторители и ефикасно спроведување на кривичната постапка.
Министерот Тошковски нагласи дека засилената заложба за подобрување и јасно дефинирање на системот за борба против криминалот значи и постојано унапредување на правилата на игра, по кои институциите ќе можат да соработуваат, и што е поважно, ефикасно да ја водат таа борба.
„Прецизните правила значат поголема ефикасност за институциите, за правдата и за законите, ќе ја зацврстат нашата меѓусебна координација и ќе креираат една силна институционална алатка повеќе за борба со сите форми на криминал и корупција со кои се среќаваме секојдневно. Со потпишување на овој Протокол ги поставуваме темелите на доверба и соработка, каде што заедничката цел е јасна – успешно откривање и докажување на кривичните дела и нивните сторители и ефикасно спроведување на кривичната постапка“, нагласи министерот Тошковски.
Министерот Тошковски образложи дека документот утврдува јасни насоки и правила за постапување на полициските службеници и јавните обвинители, во активностите што се преземаат за откривање и гонење на сторители на кривични дела, а во исто време треба да го подобри функционирањето и ефикасноста на кривичниот прогон како дел од кривично-правниот систем.
„Ова не е само правен документ, туку и знак на волја за заедничка акција, заснована на доверба, транспарентност и отчетност“, нагласи министерот Тошковски на чинот на потпишувањето.
Јавниот обвинител Љупчо Коцевски ја потенцираше оперативната вредност на Протоколот.
„Протоколот не е некаква политичка декларација, туку оперативен план заснован врз нашите закони за кривична постапка. Ги поедноставува процедурите за соработка, обезбедува јасност во сложените случаи и ја засилува координацијата во посебните мерки за истрага. Нашите институции се соочуваат со високо софистицирани форми на криминал и овој Протокол ќе ни помогне да се адаптираме и да се соочиме со тие предизвици“, потенцираше обвинителот Коцевски.
Шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Килијан Вал, кои учествуваа во креирањето на овој Протокол нагласи дека МВР и Јавното обвинителство влегуваат во нова фаза на соработка во која ќе се реализираат придобивките од овој протокол.
„Овој чекор ќе го засили делот на спроведување на кривичната постапка, ќе има видлив оперативен ефект и ќе поплочи патот кон заеднички обуки и практики. Стандардно оперативните процедури и практични алатки ќе овозможат многу поефикасна борба со сложените криминални случаи, корупцијата, организираниот криминал, финансиските криминали и сајбер криминалот“, потенцираше амбасадорот Вал.
Македонија
Односите со САД се цврсти и исполнети со заемна доверба: Мицкоски телефонски разговорал со американскиот државен секретар за економија

Во текот на вчерашниот ден остварив телефонски разговор со американскиот државен секретар за економија, Хауард Лутник, пријател на Македонија и докажан поддржувач на нашата земја, кој веќе еднаш го посети Скопје, соопшти премиерот Христијан Мицкоски.
„Во духот на блиското македонско-американско партнерство потврдивме дека нашите односи се цврсти, пријателски и исполнети со заемна доверба, при што истакнав и дека стратешкото партнерство со САД е врвен приоритет за Владата.
Ја нагласив важноста на американската поддршка за стабилен и просперитетен Балкан, а особено за прашањата што се од витално значење за економската соработка“, вели Мицкоски.
Појаснува дека со Лутник се согласиле да продолжат да го развиваат стратешкото и економското партнерство помеѓу двете земји.