Македонија
Османи во Виена ќе ги претстави приоритетите на Северна Македонија за претседавањето со ОБСЕ
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес ќе ја претстави приоритетната рамка на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година пред Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена.
МНР активно се подготвува за преземањето на претседавањето од актуелниот претседавач Полска и презеде серија активности во функција на операционализација на доверениот мандат во 2023 година.
Во таа насока, преку активен дијалог со релевантните државни институции, земјите учеснички и извршните структури на ОБСЕ, беше развиена прелиминарна рамка на приоритети преку која ќе имаме директен придонес врз политиките поврзани со трите димензии на ОБСЕ, политичко-воената, втората, која ги таргетира прашањата поврзани со економијата и животната средина, како и третата – хуманата димензија.
Османи во Виена ќе оствари средба со генералната секретарка на ОБСЕ, Шмид, со постојани претставници на земјите учеснички, а за време на престојот предвидено е да оствари средба и со сојузниот министер за европски и надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

