Македонија
Османи во Киев на средба со Кулеба
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес e во работна посета на Киев, каде што ќе оствари средба со својот хомолог Дмитро Кулеба и други високи државни претставници на Украина. Предвидено е министрите да разговараат за руската воена агресија и начините како меѓународната заедница, вклучително и Северна Македонија можат да помогнат.
Османи во Киев беше пречекан од македонскиот амбасадор Крум Ефремов, кој деновиве се врати во украинскиот главен град и заедно со другите членови на дипломатската мисија продолжува да ја врши својата функција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Јанчева: Додека скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух во Буџетот на Скопје за 10 пати
Додека скопјани се гушат, ниту централната ниту локалната власт на ДПМНЕ не преземаат ништо за намалување на загадувањето. Напротив, дури и парите во буџетот на Град Скопје за заштита на животната средина, се драстично намалени, изјави координаторката на советничкаа група во Скопје од СДСМ, Љубица Јанчева.
„Наместо да ги зголемува, локалната власт на ДПМНЕ и градоначалничката Арсовска ги намалуваат парите за животна средина и борба против загадувањето. Оваа година, буџетот на Скопје е толку намален, најнизок во историјата и изнесува 25 милиони денари. И е околу десет пати помал во споредба со други години. За споредба, во 2020 година, кога СДСМ беше локална власт во Скопје, 380 милиони денари од Буџетот на Град Скопје се издвојуваа за борба против загадувањето и заштита на животната средна. Сега, парите се кратат, нема интервентни мерки, не се презема буквално ништо за загадениот воздух иако локалната самоуправа има големи ингеренции“, изјави Јанчева.
Додаде дека веќе четири години не се предвидени субвенции за Комунална хигиена за набавка на нови возила, нови контејнери и нови канти за ѓубре. Хигиената во градот е катастрофална. Нема ниту дополнителни субвенции на ЈСП за во деновите кога е воздухот е енормно загаден, да не се користат возилата туку јавниот превоз.
„Ниту едно од ветувањата пред скопјани не се исполнети. Арсовска и Мицкоски ветуваа дека Вардариште ќе го направат зелена зона и тоа не го исполнија. Ветија по 10.000 нови дрвја во секоја општина годишно, ветија, но не исполнија… Мицкоски и Арсовска ветуваа и гасификација на сите домаќинства, целосна гасификацијата на сите средни училишта во градот, како и сите институции и установи под надлежност на Град Скопје“, рече Јанчева.
Потсети дека не е реализирана ниту набавката на 250 нови, еко автобуси, како ни проектот БРТ, зелен проект за кој средствата се обезбедени.
Македонија
Лидерите на ВЛЕН на инаугурацијата на Трамп: Албанците се и остануваат про-Американци, тесно поврзани со принципите на слобода и правда што ги претставуваат САД
„Лидерите на коалицијата ВЛЕН, присутни во срцето на инаугурацијата на претседателот Трамп, силно ја покажуваат својата посветеност на интересите на Албанците во Северна Македонија. Ова големо учество во светската престолнина, Соединетите Американски Држави, е историски момент што ги покажува нашите блиски врски со западната демократија и нејзините вредности“, велат од ВЛЕН.
„ВЛЕН е таму за да покаже дека Албанците се и остануваат про-Американци, тесно поврзани со принципите на слобода и правда што ги претставуваат САД. Но, оваа љубов кон Америка честопати ја злоупотребуваа некои нечесни политичари, кои го искористија ова благородно чувство за да се збогатат и да ги газат интересите на народот.
Албанците сега знаат, ВЛЕН е вистинскиот глас на албанските интереси и сојузи со САД! Коалицијата ВЛЕН е силата која носи вистински промени и е надеж за иднината на Албанците! Сите сега знаат дека со ВЛЕН, Албанците ќе имаат светла иднина!“, соопштуваат од ВЛЕН.
Скопје
Стефковски: Три години мандат – нула денари трошоци за репрезентација
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски вети отчетно, транспарентно и домаќинско работење и изминатите три години тоа го покажа на дело, велат од општината.
Во објава на социјалните мрежи, градоначалникот Стефковски информира дека во изминатите 3 години од мандатот не се потрошени ниту еден денар средства од буџетот на општина Гази Баба за репрезентација, службено возило за градоначалникот и дневници за патувања во странство.
„Да се биде градоначалник значи посветено да се служи на народот, а не да се користи како можност за трошење на средствата од буџетот за лични привилегии. На првиот работен ден од мојот мандат за градоначалник се откажав од користење на службено возило, средства за репрезентација и дневници за патувања во земјата и надвор од неа. Довербата од граѓаните за мене значи чест, а пред и над се одговорност“, пишува градоначалникот Стефковски.
Оваа пракса на некористење на буџетски средства за непродуктивни трошоци е воведена со доаѓањето на Стефковски за градоначалник на Гази Баба, се додава во соопштението од општината.