Македонија
Османи во Рига на состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македнија, Бујар Османи, денеска и утре во Рига, Латвија, ќе учествува на редовниот состанок на Северноатлантскиот совет на НАТО на ниво на министри за надворешни работи.
Според МНР, за време на дводневните работни сесии ќе бидат разгледани прашања од стратешко значење на алијансата, како што се состојбите во Авганистан, справување со актуелните и идни безбедносни предизвици, како и соработката со партнерите.
Министрите ќе расправаат и за новиот стратешки концепт на НАТО како значаен документ во однос на идната геостратешка улога на алијансата.
Од особено значење, се нагласува од Министерството, ќе биде дискусијата за стабилноста и просперитетот на Западен Балкан, каде што се очекува да биде истакната потребата од заедничко стратешко дејствување и пристап на НАТО и ЕУ кон Западен Балкан како основен предуслов за стабилноста и просперитетот на регионот.
На маргините на состаноците во Рига во агендата на Османи се предвидени и многубројни билатерални средби со министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Владата: Педесетина училишта ќе добијат фотоволтаични системи

Владата соопшти кај 50. училишта во Македонија ќе се постават фотоволтаични системи во текот на летниот период.
Ова се случува откако Министерството за образование и наука склучи договор за неповратен грант од 1,1 милион евра со Банка за развој при Совет на Европа, за инвестирање во обновливо извори за енергија.
Со оваа инвестиција, како што информираат од Владата, ќе се заштедат големи буџетски средства, а тие пари потоа ќе можат да се реинвестираат во инфраструктурни проекти, учебници и дигитални помагала за учениците.
Македонија
Сончево време, попладне со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 36 степени.
Македонија
ПРП терапијата за пациентите од пожарот во „Пулс“ е достапна во Кочани, нема да мора да патуваат до Скопје

Десет лица повредени во трагедијата во „Пулс“, за првпат во болницата во Кочани, биле третирани со ПРП терапија (плазма збогатена со тромбоцити), соопшти вечерва директорот на Фондот за здравствено осигурување Сашо Клековски.
Интервенциите ги извел тим од болницата „Св. Наум Охридски“ од Скопје. Претходно 9 лица беа третирани од Клиниката за пластична хирургија Скопје.
„Ова е голем чекор напред – ПРП терапијата сега е достапна во Кочани, без потреба од патување до Скопје!“, напиша Клековски на социјалните мрежи.
ПРП е иновативна метода што користи плазма од сопствената крв за да го забрза заздравувањето на оштетената кожа.