Македонија
Османи во Тирана: Берлинскиот процес претставува движечка сила за регионот
Министерот Бујар Османи, денеска, во Тирана, имаше обраќање на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите учеснички на Берлинскиот процес, која претставува најважна регионална иницијатива со огромно влијание врз европската перспектива на целиот регион.
„Берлинскиот процес еволуира во водечка платформа за регионална соработка, која носи голема политичка и економска тежина и служи како движечка сила за регионалната соработка, но и му помага на регионот да ја оствари својата стратешка цел – целосна интеграција во Европската Унија“, истакна Османи.
Осврнувајќи се на проширувањето, Османи изјави дека охрабрувачки е што внатрешната дебата на ЕУ за ова прашање и начините како да се олесни тоа добива на темпо и квалитет. Во тој контекст, најавата за новиот план за раст за Западен Балкан треба да биде насочен кон зголемена конвергенција со ЕУ преку овозможување пристап до клучните двигатели на растот, како што се единствениот пазар и финансиската помош.

„Регионот мора да ги засили напорите за реализација на внатрешните реформи, зајакнување на регионалната соработка и дополнително зајакнување на добрососедството. Заедничкиот регионален пазар не само што останува драг во нашите срца бидејќи беше инаугуриран за време на нашето заедничко претседавање со Бугарија со иницијативата во 2020 година, туку што е уште поважно – го гледаме како клучен елемент за економскиот раст на регионот и чекор поблиску до единствениот пазар“, нагласи Османи.
Потпишувањето на трите договори за мобилност за време на минатогодишните состаноци во Берлин е од големо значење. Како депозитар, Северна Македонија е посветува особено внимание на значењето на нивното спроведување и на практичните придобивки што тие ги носат за нашите граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

