Македонија
Османи доби писмо благодарница од МНР на Шведска за поддршката за членството во НАТО

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ја прими амбасадорката на Шведска, Ами Ларсон Џејн.
На средбата беа разменети писма од министрите за надворешни работи по повод членството на Шведска во НАТО.
Османи упати честитки за членството на Шведска во НАТО нагласувајќи дека со ваквиот чекор ќе се зајакнат европската и целокупната трансатлантска стабилност.
„Пристапувањето на Шведска во НАТО како 32. земја членка е историски момент што ќе ја направи алијансата побезбедна и ќе ја зајакне нашата колективна безбедност. Тоа воедно е и потврда за единството на сите земји членки, што е особено значајно во овие времиња кога се соочуваме со руската воена агресија во Украина и последиците врз стабилноста на европскиот континент“, нагласи Османи.
На средбата без разменети мислења и за евроинтегративниот процес на Северна Македонија, при што беше реафирмирана силната поддршка од Шведска за наше што побрзо членство во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја денеска дел од Шуто Оризари

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од потрошувачите на и улиците Тиквешка, Демир Хисарска и улица Хаџи Јован Шишков, општина Шуто Оризари.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

ЦУК известува дека денеска поради дефект на приклучна цевка од ф-1“ на улицата Охридска 50, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од на дел од улица Охридска и дел од улица Петричка, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме.
Времето во наредните денови
Утре и во четврток времето ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град. Потоа следува период на претежно стабилно време со слаб до умерен северен ветер.