Македонија
Османи до амбасадорите од ЕУ: Вашата помош е вистински показател за европската солидарност

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на национален координатор за распределба на странска помош во земјава, одржа видеоконференциски состанок со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во земјава, во насока на претставување на потребите, согледување на можностите и соодветна координација на донациите и директната поддршка за справување со предизвиците од пандемијата на Ковид-19.
„Благодарам за досегашната поддршка и помош во справувањето со предизвиците на пандемијата, како во рамките на институциите на ЕУ, така и за досегашната билатерална поддршка која секојдневно пристигнува. Вклучувањето на Република Северна Македонија во Европскиот солидарен фонд, во Договорот за заедничка набавка на медицински средства, во цивилната заштита на ЕУ, претставува вистински показател за интеграцијата на земјата во Европската Унија, а директната билатерална поддршка на дело ја демонстрира европската солидарност, која ќе ни помогне од оваа криза да излеземе уште посилни“, истакна Османи на почетокот од состанокот.
Во продолжение, Османи пред амбасадорите ги претстави активностите на Владата и на останатите тела за координација на активностите за справување со кризата, особено на улогата на Секретаријатот за европски прашања како институција задолжена за координација на целата странска помош во земјава, вклучувајќи ја и поддршката во справувањето со предизвиците од пандемијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Муртезани во Брисел на состанок на ГАК за владеење на правото

На покана на Данското претседателство со Советот на ЕУ, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утре во Брисел ќе учествува на состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК), кој ќе биде посветен на владеење на правото.
Ова е второ учество на министри од земји-кандидатки за членство во Унијата, заедно со земјите-членки да бидат дел од формалниот ГАК на кој ќе се дискутира за овогодинешниот Извештај на Европската комисија за владеење на правото.
Во тој контекст, предвидено е да се разговара за состојбите во четирите области опфатени со Извештајот на ЕК за владеење на правото 2025: судскиот систем, антикорупција, медиумски плурализам и слободата на медиумите и за други институционални прашања поврзани со контролните механизми.
Македонија
Делови од Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 14.00 часот, корисниците село Волково – улицата пред последна автобуска станица 22, општина Ѓорче Петров;
· во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците на улицата Будимпештанска околу бр.25., општина Карпош.
Македонија
Утрово нестабилно време на исток, преку денот сончево и ветровито

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во раните утрински и претпладневни часови во источните делови од земјата ќе има нестабилно време со локален пороен дожд и услови за ретки грмежи.
Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, локално со брзина над 60 километри на час. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19, а максималните ќе достигнат од 24 до 31 степен.
Во главниот град ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Облачноста ќе се намали во текот на денот, а ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, додека максималната ќе достигне до 30 степени.
Од вторник ќе преовладува претежно сончево и ветровито време, со умерен до засилен северен ветер кој ќе биде најизразен долж Повардарието.