Македонија
Османи до Шаленберг: Забрзувањето на ЕУ-интеграцијата ќе го врати кредибилитетот на процесот на проширување на Унијата
Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на првата конференција за климатски промени, што се одржува денеска во Виена, оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Австрија, Александар Шаленберг.
Австрија дава силна поддршката и има директен и конструктивен ангажман во справувањето со предизвиците и приоритетите на претседавањето со ОБСЕ во 2023 година, при што Османи побарал помош од Австрија и за справување со итните прашања важни за функционирањето на Организацијата.
Во однос на билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Австрија, двете земји негуваат блиски односи речиси три децении, со заемна посветеност за натамошно унапредување на соработката.
„Северна Македонија изразува благодарност до Австрија за нејзината силна и отворена поддршка на нашиот пристапен пат кон ЕУ и залагањата за членство во ЕУ за целиот Западен Балкан. Земјата ја цени австриската поддршка на концептот на забрзана интеграција верувајќи дека тоа ќе придонесе за зачувување на кредибилитетот на процесот на проширување“, истакнал Османи на средбата со Шаленберг.
Министерот го информирал соговорникот и за постапката за уставните измени, која е во тек.
„Уставните амандмани се клучен фокус за Северна Македонија. Работиме на синхронизирање на овој процес со сите фактори во државата за негово успешно завршување до декември 2023 година“, рече Османи.
Во однос на регионалните случувања, Османи пред Шаленберг ја истакнал улогата на Северна Македонија на домаќин на дијалог Белград – Приштина во Охрид, што резултира со значаен договор. Тој го претставил и планот од 9 точки понуден како додадена вредност за деескалација на ситуацијата на северот на Косово.
„Продолжувањето на дијалогот предводен од ЕУ е исклучителна важност и за ОБСЕ и за Северна Македонија како непосреден сосед. ОБСЕ е подготвена да го поддржи и помогне спроведувањето препораки што ќе произлезат од овој процес на терен“, рекол Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот во зимски услови по влажни коловози
Поради врнежи од снег се уште е во сила забраната за тешки товарни возила и автобуси воведена од 9:20 часот утрово на патниот правец крак Шипковица-Попова Шапка, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на остаматите државни патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот. Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Крушево, Попова Шапка и Маврово и на планинските превои Стража и Ѓавато и на патниот правец Берово-Струмица.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 21.11.2025 до 31.03.2026 година се затвора за сообраќај за сите видови возила.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк
Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026.
-Правото на субвенциониран студентски оброк може да го користат сите редовни студенти на додипломски студии кои имаат месечен приход помал од минималната нето плата, но и студентите запишани на постдипломски студии и на интегрирани студии на државните и на приватните универзитети во државата. Студентите кои ги исполнуваат условите, а не аплицирале досега, може да поднесат апликација, електронски преку порталот: https://e-uslugi.mon.gov.mk, соопшти МОН.
Условите и критериумите за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк се достапни на линкот https://mon.gov.mk/mk-MK/konkursi-i-stipendii/konkursi-mon/javen-povik-za-ostvaruvanje-na-pravoto-na-subvencioniran-studentski-obrok-za-akademskata-20252026-godina
-За поддршка при аплицирањето, контактирајте преку е-пошта: [email protected] Студентите на кои им било прекинато правото на субвенциониран оброк, а сметаат дека ги исполнуваат условите, може повторно да аплицираат. Овој рок е, исто така, отворен за студентите кои не аплицирале во претходните активни рокови, информира Министерството за образование и наука.
Македонија
Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Гостивар – Стража – Кичево
Забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево се укинува од 14.30 часот, соопшти ЈП „Македонијапат“. Забраната беше воведена денеска од 9.40 часот во двата правца на патот поради врнежи од снег.
Забрана за сообрачај на камиони и автобуси од 9.20 часот е воведена за камиони и автобуси на патниот правец крак Шипковица – Попова Шапка и од 5.45 часот за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Како што информира ЈП „Македонијапат“, врнежи од снег има во Крушево, на Попова Шапка и во Маврово и на планинските превои Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.

