Македонија
Османи задоволен од одѕивот на пописот
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вели дека веќе над 25 илјади државјани, кои се надвор од Македонија, се попишале на пописот.
„Според информациите што ги имаме, пописот се одвива тековно, има заинтересираност на нашето нерезидентно население да се попишува. Бројките се оптимистички во однос на одѕивот на граѓаните за самопопишување“, вели Османи.
Тој оствари средба со претставниците на верските заедници во Македонија и вели дека тие може да одиграат важна улога во овој процес.
Во моментот сè уште се регрутираат лицата што ќе го спроведуваат пописот, а во тек е и тестирање на коронавирус на пријавените.
„Првиот оглас за учесници во пописот заврши минатата недела, констатиравме дека во некои региони немаме доволно кандидати и пуштивме уште еден оглас, кој ќе заврши в недела“, вели Апостол Симовски од Државниот завод за статистика.
Симовски вели дека е среќен што постои разбирање кај сите верски заедници во Македонија.
Според него, сите учесници во пописот ќе мора да ги почитуваат протоколите за заштита од Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Илинден и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 13:00 часот, улица Бунарџик. (Општина Илинден)
– во периот од 09-00 до 15-00 часот, дел од корисниците на улиците: Мице Козар и Ѓуро Салај. (Општина Ѓорче Петров)
Македонија
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност
Сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 3, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредниот период
Продолжува период на стабилно и релативно топло време. Во текот на ноќите и во утринските часови ќе има појава на магла на одредени места и зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.
Македонија
Сообраќајот на граничниот премин Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално
Сообраќајот на ГП Евзони (ГП Богородица) се одвива нормално, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

