Македонија
(Видео) Османи: Иванов го прекршува Уставот, но се уште има можност да се поправи

Првиот човек одговорен за заштита на Уставот најфлагрантно го крши Уставот и со тоа не ја почитува волјата на мнозинството граѓани на Република Македонија, а на ова треба да реагираме сите бидејќи создава ситуација на преседан кога преку кршење на Устав ќе создадеме правни дејствија во секојдневниот живот и во политиката и на тоа треба да реагираат независно дали се работи за Законот за јазици или за некој друг закон, рече вицепремиерот Бујар Османи на денешната средба со новинарите.
„Иванов имаше шанса во последните месеци од неговиот мандат да стави најмала трага за кохезивноста на општеството и за унитарноста на државата, нешто што не го направил во текот на десетте години од неговиот мандат“, рече Османи по што додаде едка Иванов се уште можност тоа да го направи и да напише нешто во белата книга на негово претседателствување. Според Османи постојат и други начини како може да законот да стапи на сила.
„Има бројни искуства во минатото како стапувале во сила закони и без потпис на претседателот. Се разбира тоа ќе биде прашање на договарање и на консултација со правните експерти“, рече Османи.
Според Османи постојат и други начини како може да законот да стапи на сила.
„Има бројни искуства во минатото како стапувале во сила закони и без потпис на претседателот. Се разбира тоа ќе биде прашање на договарање и на консултација со правните експерти“ рече Османи. (В.Ј)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Почувствуван земјотрес во Македонија

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, попладнево во 16 часот и 14 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, 39 км западно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.7.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Тетово, Гостивар и блиската околина со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
МНР: Амбасадата во Прага е во координација со семејството на Чифлиганец за пренeсување на телото во Македонија

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека на 2 август 2025 година, до македонската амбасада во Прага била доставена информација за тешка сообраќајна несреќа во која бил повреден македонскиот државјанин Душко Чифлиганец. Тој управувал мотор кога дошло до незгодата, по што со тешки повреди бил пренесен во болница.
На 3 август, семејството го известило дипломатско-конзуларното претставништво дека Чифлиганец им подлегнал на повредите.
Како што соопштија од МНР, Амбасадата во Прага е во континуирана комуникација со семејството со цел завршување на сите неопходни формалности и организација за пренос на телото во Македонија.
Македонија
Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.
Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.
Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.
Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.