Македонија
(Видео) Османи: Изборите се последен аргумент да ја убедиме ЕУ дека имаме капацитет
Република Северна Македонија последните триесет години поминува долг маратон на преговори за членство во ЕУ. Дојде и последниот момент. Успешни избори на 5 мај ќе бидат доказ за зрелоста на демократскиот капацитет на државата. Тоа ќе биде последен аргумент со кој ќе се убеди ЕУ дека оваа земја поседува капацитет за влез во Унијата. Одлуката за преговори зависи само од тоа дали на 5 мај граѓаните ќе излезат на гласање и уште еднаш ќе покажат дека имаат капацитет за одлучување, рече заменик-премиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, на денешната прес-конференција посветена на слободата на медиумите.
Во однос на Берлинскиот самит, кој се одржа оваа недела и шпекулациите кои излегоа од него дека западните земји сметаат дека државата до јуни нема да биде подготвена за преговори со ЕУ, Османи истакна дека тие изјави не се точни и дека самитот не бил наменет за проширување туку за деблокирање на разговорите помеѓу Косово и Србија, а останатите земји од регионот биле повикани како гаранти.
„Во Берлин бевме повикани да бидеме модел како се решаваат проблемите меѓу државите. Таа приказна е толку силна што не може да ја игнорира ниту една земја членка. Надвор од Самитот ја искористивме можноста да разговараме со канцеларката Ангела Меркел и високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, од кои излеговме оптимисти дека во јуни и тоа како има шанси за отпочнување на преговорите со ЕУ“, рече Османи.
Вицепремиерот додаде дека РСМ се издвојува од сите земји членки по примерите кои беа направени изминатите две години и дека доколку нашата земја не добие датум, тоа ќе биде нарушување на европските критериуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

