Македонија
Османи и Бесими во Брисел ќе ја презентираат студијата за одржлив развој
Денеска, со почеток во 11 часот, во претставништвото на УНДП во Брисел ќе се одржи панел-презентација на студија со наслов „Европскиот пат на Република Северна Македонија: Постигнување побрз, поинклузивен и одржлив раст“, која претставува заеднички проект на Секретаријатот за европски прашања и канцеларијата на УНДП во земјата.
Во рамките на панелот свое обраќање ќе има вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, како и постојаниот претставник на УНДП во земјата, Нарине Сахакјан. Покрај домаќините, на панелот се очекува да има обраќање и Дејвид Кулен, раководител на одделението за Република Северна Македонија и Косово при Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија (ДГ НЕАР), како и претставникот на канцеларијата на УНДП од Брисел, Томас Дедерувардер.
Наодите од студијата ќе ги презентира Фатмир Бесими, советник за економски прашања при Владата и поранешен вицепремиер за европски прашања.
На презентацијата се очекува да присуствуваат голем број ЕУ-амбасадори, претставници од земјите членки во Брисел, делегатите од работната група на Советот на ЕУ за Западен Балкан (КОВЕБ), европарламентарци, претставници на генералните директорати, кои се задолжени да ги следат состојбите во Северна Македонија и Западен Балкан, претставници од кабинетите на новите комесари, ЕУ-претставници што претходно работеле во Северна Македонија, како и други претставници на меѓународни и регионални организации и новинари со седиште во Брисел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Гази Баба и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Товарник бр. 3, како и дел од корисниците од ул. Среќко Пужалка. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, дел од корисниците од улиците Кичевска и Рафаел Батино. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Утрински минусни температури, кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од снег
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Времето во наредните денови
Денеска кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди. По котлините ќе има услови за појава на магла. Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.

