Македонија
Османи и Захариева ќе копретседаваат со состанокот на шефовите на дипломатиите во Берлинскиот процес
Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, заедно со министерката за надворешни работи на Република Бугарија, Екатерина Захариева, денеска ќе копретседава со состанокот на шефовите на дипломатиите, кој се одржува во рамките на заедничкото копретседателство со Берлинксиот процес.
Покрај министрите за надворешни работи на земјите што учествуваат во Берлинскиот процес од Европската Унија и Западен Балкан, на состанокот ќе земат учество претставници на институциите на ЕУ и Советот за регионална соработка.
Во рамките на предвидените сесии, министрите за надворешни работи ќе имаат можност да ги споделат своите ставови и искуства во однос на предизвиците и можностите на Берлинскиот процес, креираните мерки со цел градење доверба и подобрување на регионалната соработка, вклучително и преку подобра поврзаност и мобилност меѓу луѓето од земјите на Западен Балкан, со посебен фокус на младите и граѓанското општество.
По завршување на состанокот, ќе се одржи и заедничка прес-конференција меѓу министрите Османи, Захариева и Мас. Во рамките на заедничкото претседателство истиот ден се одржува и тинк-тенк форум“, организиран од страна на Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје, во соработка со Европскиот совет за надворешна политика (ECFR) од Софија. Во рамките на тин-тенк форумот, во согласност со агендата, е предвидено поздравни обраќања да имаат министрите Османи и Захариева.
Состанокот е во предвечерието на седмиот самит на Берлинскиот процес, кој оваа година е предвиден да се одржи на 10 ноември во Софија, на кој ќе бидат лансирани новиот акциски план за воспоставување заеднички регионален пазар и зелената агенда за Западен Балкан, кои беа подготвени под водство на Европската комисија и Советот за регионална соработка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.
Македонија
Жичницата на Водно не работи поради силен ветер
Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје преку својата фејсбук страница информира дека жичницата на Водно денеска нема да биде во функција поради засилен ветер.
Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно., велат од ЈСП.
„Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, велат од претпријатието.

