Македонија
Османи: Косово и Северна Македонија интензивно се поврзуваат
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со заменик-претседателот на Владата на Република Косово, Енвер Хоџај, го посетија местото каде што се вршат градежните активности на стратешкиот проект Белановце – Станчиќ, каде извршија увид во градежните работи и напредокот на проектот.
„Овој објект е буквално заеднички објект на двете држави и претставуваше посебен административно изведбен предизвик, имајќи предвид дека за неговата реализација мораше да се усогласуваат правилата на двете држави“, истакна Османи, додавајќи дека проектот е финансиран преку ИПА-програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Косово во износ од 1.200.000 евра, чија изведба е усогласена и со правилата и стандардите кои ги наложува Европската Унија.
„Токму затоа овој проект, покрај неговата економска и административна намена, има и длабока политичка димензија, укажувајќи на добрите односи и довербата на двата соседи“, истакна Османи, посочувајќи и на останатите проекти кои се реализираат во насока на унапредување на меѓусебната комуникација од двете страни на границата.
„Да потсетам дека за овој премин претходно го изградивме патот од село Опае до Белановце во должина од 16 километри; пред неполни две недели се отвори и автопатот ‘Арбен Џафери’ од Приштина до границата со Северна Македонија; наскоро ќе започне да се гради и делот во Северна Македонија до Скопје, со што главните градови на двете земји ќе бидат оддалечени само 40 километри“, подвлече Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Аеродром и Шуто Оризари денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ке останат:
· од 09.00 до 11.00 часот корисниците, од булевар Јане Сандански бр. 30. (Општина Аеродром)
· од 09.00 до 11.00 часот дел од корисниците на ул. Индира Ганди. (Општина Шуто Оризари)
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.

