Македонија
Османи – Лимински: Ја интензивираме бизнис соработката со Северна Рајна- Вестфалија
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, денес, оствари средба со министерот за сојузни, европски и меѓународни работи и медиуми на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, Натанаел Лимински.
На средбата, Османи ја поздрави одличната соработка со најголемата германска сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија, која се официјализираше со потпишувањето на Заедничката декларација за соработка меѓу Владите на Република Северна Македонија и Северна Рајна-Вестфалија, февруари 2021 година, а која несомнено ја збогатува севкупна билатерална соработка и пријателските врски со Германија, информираат од кабинетот на Османи.
Тој подвлече дека економската соработка со оваа покраина, која е седиште на бројни водечки индустриски и бизнис капацитети, има значаен удел во севкупната економска соработка со СР Германија и се одвива во нагорна линија со акцент на присуство на компаниите како Гересхајмер, Костал Груп Кромберг и Шуберт на нашиот пазар.
„Интензивната програмска соработка со Северна Рајна Вестфалија е од особено значење и истата високо ја цениме имајќи ја предвид нејзината цел, преку модернизација на домашните економски структури, да се спротивстави на миграцискиот притисок “, истакна Османи.
Министерот Лимински изрази задоволство од досегашната соработка со уверување дека истата ќе се интензивира како на политички, така и на економски план посебно со веќе воспоставената бизнис соработка и фирмите кои веќе успешно работаат во Северна Македонија. Посебно го истакна проектот за обука на 30-те млади студенти, клучен во нивното профилирање како професионалци во иднина, со што своето искуство ќе го пренесат во Северна Македонија и ќе станат мост за соработка меѓу економиите на двете земји.
Германскиот соговорник ја реафирмираше поддршката за забрзување на отпочнатите преговори на нашата држава со Европската унија и усвојувањето на уставните измени во најскоро време, како би можела Северна Македонија да започне со отворање на поглавјата во процесот на преговорите со Европската Унија.
Министрите разменија мислења и за новата геополитичка реалност, нашето претседавање со ОБСЕ, актуелните политички случувања и безбедносните предизвици во регионот на Југоисточна Европа, како и други прашања од доменот на надворешната и безбедносна политика.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од општините Сопиште и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 09.00 до 11.00 часот корисниците од цело с. Јаболци (општина Сопиште)
· во периодот од 11.00 до 15.00 часот дел од корисниците од Горно Нерези (општина Карпош)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 16 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, наместа во западните делови повремено засилен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Од вторник до сабота ќе преовладува претежно облачно време со локални врнежи од дожд. Пообилни врнежи се очекуваат во четврток, а на повисоките планини ќе има услови за врнежи од снег. Во вторник и среда ќе дува умерен до засилен ветер од јужен, а во деновите потоа од северен правец.
Македонија
Освојувањето на 14-те највисоки врвови го сметам за национален успех, вели Кедев
Освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го сметам за национален успех. Тоа што ми даде сила беше токму тоа да го однесам македонското знаме и македонското име на сите врвови. Тој успех го посветувам на сите граѓани и сите Македонци каде и да се во светот, порача кардиологот и алпинист Сашко Кедев, по одликувањето на Орденот „8 Септември“ за особените заслуги во медицината и за историскиот подвиг во алпинизмот.
Кедев, изрази длабока благодарност за одликувањето, кое рече дека иако опфаќа повеќе елемент од неговиот живот, го споделува со сите колеги со кои заедно ја формираат Интервентната кардиологија пред повеќе од 30 години.
Суштината во животот, порача Кедев, е да најдеме активност што нема крајна цел, туку чиста мотивација без конкретна цел.

