Македонија
Османи: Лојане – Миратовац станува симбол за напредок во регионалната соработка
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во улога на координатор на проектот „Граничен премин Лојане – Миратовац“, денеска се сретна со делегација од Република Србија предводена од државниот секретар при Министерството за внатрешни работи на Србија и претседател на Комисијата за гранични премини на Србија, Милосав Миличковиќ.
Централна тема на денешната средба e утврдување на динамиката и активностите за создавање на новиот граничен премин меѓу Република Северна Македонија и Република Србија кај месностите Лојане и Миратовац соодветно.
„Реализацијата на проектот ‘Граничен премин Миратовац – Лојане’ не само што ќе придонесе за олеснување на транспортот, размената и севкупната комуникација туку претставува и значајна политичка активност,ж во насока на реализација на политичките заложби нотирани и во иницијативата за регионална соработка, со цел реализација на заложбите од т.н. конективити-агенда на Берлинскиот процес, а во насока на унапредување на добрососедските односи како автентична европска вредност на двете земји“, истакна Османи.
Во овој контекст тој посочи дека е во финална фаза обезбедувањето на првите 2,5 милиона евра донација од страна на норвешката влада во рамките на нордискиот проект УНОПС за реализацијата на овој проект.
За време на разговорот соговорниците заеднички се заложија за унапредување на оваа иницијатива на уште повисоко ниво, па наместо локален премин, како што беше порано предвидено, проектот ‘Лојане – Миратовац’ да се имплементира како целосно меѓународен граничен премин, со што ќе претставува бенефит не само за граѓаните на пограничните општини туку и за сите граѓани на двете земји преку забрзување и олеснување на меѓусебната комуникација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Кисела Вода и од Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Бранко Заревски. (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман. (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Облачно со врнежи од дожд, пообилни во јужните делови
Облачно насекаде со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во јужните делови (локално над 40 l/m² за 24 часа). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 8 до 12 степени.
Во Скопје, облачно со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, кои попладне ќе престануваат. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст.
Македонија
Николоски со Караџов и Маринеску во Брисел: Македонија се фокусира на изградба на големи инфраструктурни проекти
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамките на работната посета на Брисел оствари средба со вицепремиерот и министер за транспорт на Бугарија, Гроздан Караџов, Мариан-Жан Маринеску, европскиот Координатор за коридорот Западен Балкан – Источен Медитеран, како и Матеј Законшеќ, директор на Секретаријатот на Транспортната заедница.
На средбата се разговараше за регионалните инфраструктурни проекти кои го потикнуваат рагионалниот развој и економија.
Николоски информираше дека законот за ратификација на Договорот потпишан на 6 ноември 2025 година наскоро ќе биде ратификуван во Собранието.
Николоски ги запозна соговорниците и дека на техничко ниво директорите на двете железнички претпријатија заеднички почнуваат со подготовка за апликација за финансирање на проектот за тунелот.
Тој потенцира дека се очекува во месец декември или јануари да биде објавен тендерот за третата фаза од проектот за железничко поврзување со Бугарија.
Работната агенда на вицепремиерот Николоски продолжува и утре каде ќе учествува на Самитот на министри за транспорт на земјите од Западен Балкан и министри од Европската Унија.

