Македонија
Османи му врачи признание на Данијел Сервер

На маргините на стратешкиот дијалог со САД, во Вашингтон беше организиран настан на кој министерот за надворешни работи Бујар Османи, по повод 30 години од независноста на Република Северна Македонија врачи признание на Даниел Сервер, професор во Универзитетот „Џон Хопкинс“.
Упатувајќи благодарност, Османи истакна дека со своите јавните настапи, темелено на длабокото познавање на регионот и нашата држава, Сервер дал важен придонес во процесот на меѓународна афирмација на Северна Македонија, преку јасната и цврста поддршка за интеграцијата на нашата држава во евро-атлантските механизми на интеграција, вклучително и преку континуираните апели со години наназад за решавање на отворените прашања кои го кочат овој процес.
Да потсетиме, по повод 30-годишнината од независноста на Република Северна Македонија, во јуни минатата година министерот Османи донесе одлука со која се доделува признание на 30 странски државјани, високи функционери од ЕУ и НАТО, државници, дипломати и познавачи на нашата држава и регионот, меѓу кои и Сервер, како симболична благодарност за нивната поддршка за нашата независност, нашите стратешки цели, зацврстување на евро-атлантските перспективи и мултиетничката, мултикултурна и мултиконфесионална кохезија на нашата држава и општество.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Тошковски: Партнерството со САД носи силна поддршка за реформи во МВР

Министерот за внатрешни работи Панче Тшоковски денес оствари тет-а-тет средба со амбасадорката на САД, Анџела Агелер.
„Средбата ја потврди блиската соработка и заедничката посветеност за јакнење на институциите и модернизацијата на системот, како темел за поуспешно справување со криминалот и корупцијата“, соопштија од МВР.
„Партнерството со САД ни носи силна поддршка за нашите реформи во МВР насочени кон професионална и ефикасна полиција, која ќе овозможи зголемена безбедност, правда и доверба кај граѓаните.“, потенцираше министерот Тошковски.
Македонија
Општина Центар: Дератизацијата не е опасност за кучињата и мачките, да не се шират дезинформации

Општина Центар ги отфрла шпекулациите дека дератизацијата претставува опасност за животните.
„Ве информираме дека дератизацијата се спроведува редовно и исклучиво од стручни лица од Центарот за јавно здравје, со употреба на методи и средства кои се безбедни и не претставуваат закана за кучињата, мачките и другите домашни миленици. Апелираме до граѓаните да не подлегнуваат на непроверени и неточни информации кои во јавноста се пласираат од одредени неквалификувани и нелиценцирани лица или организации. Ваквите дезинформации неосновано предизвикуваат страв и паника кај граѓаните и непотребно ја вознемируваат јавноста“, велат од Општината.
Македонија
СДСМ: Мицкоски пак манипулира, со инфлација од 4,8%, реалниот раст на БДП е -1,4%

Со инфлација од 4,8% повисока од растот на БДП, реалната економија оди надолу од -1.4%, а граѓаните тонат во сиромаштија, велат од СДСМ.
„Македонија е далеку од 4-та економија во Европа како што сака Мицкоски да прикаже. Неговите фалби немаат врска со реалноста. Граѓаните не живеат од статистички бројки туку од сопствениот џеб. А таму реалноста е сурова: повисоки цени, пониски приходи и намален квалитет на живот. Македонскиот БДП по жител, според куповната моќ, е само 42% од просекот на ЕУ, повисок просек од нашите граѓани има дури и земјите во регионот, Србија со 51%, Црна Гора со 53%“, се наведува во соопштението.
Од СДСМ велат дека странските инвестиции се преполовени на 221 милиони евра, од 573 милиони евра минатата година.