Македонија
Османи: Надворешната политика почнува дома, мора да вложиме напор за заеднички ставови
Во рамките на проектот на МНР – „Рефлексија 2030 – десетгодишна надворешнополитичка стратегија“ – беше одржана тематска дискусија поврзана со парламентарната димензија на надворешната политика и улогата на Собранието и парламентарната дипломатија во остварувањето на стратешките надворешнополитички цели на Република Северна Македонија.
Состанокот е продолжение на серијата настани во рамките на „Рефлексија 2030“, со кој се иницира активен и широк консултативен процес со релевантни општествени фактори со цел прибирање инпути и идеи во насока на изработка на сеопфатна и долгорочна стратегија за надворешна политика.
На состанокот воведно обраќање имаше министерот за надворешни работи, Бујар Османи, а во дискусијата учествуваа некои од претседавачите на соодветните собраниски тела надлежни за надворешна политика, шефовите на собраниските делегации за соработка со меѓународните организации, како и дел од членовите на Стратешкиот совет на МНР.
„Независно од актуелните предизвици, на долг рок наша амбиција е да ја зајакнеме улогата на Собранието во создавањето на надворешната политика, со посебен фокус во изградбата на националните, на стратешките позиции на земјата. Се водам од премисата дека надворешната политика почнува дома. Имајќи го предвид динамичното окружување, не само регионално туку и воопшто агресивната динамика на општите меѓународни односи – сметам дека мора да вложиме повеќе напор во изострување на заедничките позиции, заедничките ставови, особено во надворешната политика. Државните интереси ни се заеднички, секако постојат разлики во тоа на кој начин да се имплементираат, но токму од аспект на надминувањето на овие разлики улогата на Собранието е незаменлива“, рече Османи.
Учесниците во дебатата разменија мислења за содржинските аспекти на надворешнополитичките приоритети на државата во наредните 10 години и улогата на Собранието и парламентарната дипломатија во остварување на клучните цели во тој контекст.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
„Влен“: Почна вистинското чистење на Скопје од ѓубрето и старата политика
По месеци на давење на градот во лоша миризба, ѓубре, запуштеност и пропаганда, од коалицијата „Влен“ велат дека почнало вистинското чистење на главниот град и општината Чаир. Од партијата наведуваат дека акцијата не се однесува само на улиците, туку и на „целиот менталитет што го остави градот во хаос со години“.
„Мирисот што доаѓаше од контејнерите беше ист како мирисот што доаѓаше од канцелариите на довчерашната власт, власт што блокираше, крадеше и не се грижеше за никого освен за себе“, се наведува во соопштението.
Според „Влен“, граѓаните на Скопје на 19 октомври и 2 ноември ставија крај на оваа ера на политичко загадување.
Во партиското соопштение се додава дека е соборена неуспешната ко-влада меѓу Арсовска, Блерим Беџети и Левица, трио што оставило зад себе кал, долгови и град што се дави во хаос. Од ВЛЕН оценуваат дека оние што сакаа да им наштетат на Ссопјани, особено на Чаир, сега гледаат дека градот можеше да се исчисти и навистина се чисти, без нив.
Во завршниот дел на соопштението се наведува дека денес, Чаир со Изет Меџити на чело дише слободно.
„Улиците се чистат, но пред сè, се отстрануваат последиците од долгогодишните блокади и занемарувањето на чаирчани од страна на градската власт. Ова е чистењето што го чекаше Скопје – чистењето на совеста, одговорноста и старата политика“, порачаа од „Влен“.
Македонија
Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Времето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во северозападните и северните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 15 степени.
До понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа повремено врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на грмежи. Во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²). Од вторник ќе има стабилизирање на времето.
Македонија
Ѓорѓиевски објави фотографии од почетокот на акцијата за чистење, поддршка му даде и Мицкоски
Новиот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави фотографии на социјалните мрежи на кои се гледаат десетици камиони и други возила кои ќе го чистат Скопје.
Ѓорѓиевски во неговата изборна кампања вети дека кога ќе стане градоначалник, откако ќе му биде врачен мандатот за 72 часа ќе го исчисти Скопје.
„Започна големата акција за чистење на Скопје! За 72 часа, нашата метропола ќе ја добие свежината и сјајот кој го заслужува. Секој агол, секоја улица, плоштад со заеднички сили ќе бидат чисти. Скопје ќе блесне – уредено и достоинствено, токму како што доликува!“, напиша Ѓорѓиевски.

