Македонија
Османи назначи свои специјални претставници за невладин сектор и за млади
Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, во рамките на претседавањето со Организацијата во 2023 назначи двајца нови специјални претставници на претседавачот: за невладини организации, Андреа Стојковски, и за млади, Мемет Жаку.
Османи, како што наведуваат од МНР, во листата на свои специјални претставници ги додаде и овие две позиции покрај претходно назначените вообичаени специјални претставници на претседавачот на ОБСЕ, кои ќе му помагаат во неговата работа, со цел да се обезбеди подобра координација на напорите на земјите учеснички за промоција на улогата на овие области.
Стојковски и Жаку во рамките на своите мандати и во тесна координација со претседавачот Османи, а на линија на приоритетните цели наведени во програмата на претседавањето на Македонија, ќе дадат поддршка за реализирање на активностите што нам ни се битни, како и ќе придонесат за зајакнување на позицијата на невладиниот сектор и на младите во сите аспекти на ОБСЕ преку промоција на политичката димензија на нивните портфолија и соодветно застапување на интересните групи, организирање низа форуми, конференции и други слични настани.
„Задоволство ми е да ги претставам Стојковски и Жаку како мои специјални претставници во рамките на претседавањето со ОБСЕ за кои уверен сум дека достоинствено ќе се справат со позицијата. Перспективите и придонесите на граѓанското општество и на младите се значајни во работата на сите три димензии“, рече Османи.
Претседавачот Османи досега ги има назначено и следните лични (ЛП) и специјални претставници (СП): амбасадор Хенрик Виладсен, СП на ОБСЕ/проектен координатор во Украина, амбасадор Андреј Каспжик, ЛП за конфликтот што се адресира во рамките на Минската конференција на OБСЕ; амб. Томас Мајер-Хартинг, СП за процесот на разрешување на разликите поврзани со Транснистрија; амбасадор Виорел Мошану, СП за Јужен Кафказ; Лилијана Палиховичи, СП за родова еднаквост; Анита Рамасастри, СП за борба против корупција, Валиjант Ричи, СП за борба против трговија со луѓе, Исмаил Хаки Муса, ЛП за борба против нетолеранција и дискриминација кон муслиманите; Регина Полак, ЛП за борба против расизам, ксенофобија и дискриминација, исто така со фокус врз нетолеранција и дискриминација кон христијаните и припадниците на другите религии; Рабин Ендру Бејкер, ЛП за борба против антисемитизам; полковник Горан Василевски, раководител на групата на високо ниво на ОБСЕ за планирање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Темелно се реконструира месната заедница во Драчево
Започнати се градежните работи за темелна реконструкција на објектот на месната заедница во населба Драчево. Реконструкцијата опфаќа целосна санација на кровот и обнова на фасадата, што ќе придонесе за унапредување на енергетската ефикасност.
Предвидена е комплетна замена на електричната инсталација, водоводната и канализационата мрежа, а греењето и ладењето во новиот објект ќе се одвива со инвертер сплит системи.
Покрај надворешната обнова, објектот ќе добие и целосно нова функционална внатрешност, прилагодена на современите потреби на граѓаните.
„Со реконструкцијата се подобруваат и конструктивните и функционалните својства на објектот, кој подолг период беше во лоша состојба. Новата месна заедница ќе обезбеди модерен, безбеден и квалитетен простор за одржување на состаноци, активности и услуги за жителите на Драчево“, велат од Општина Кисела Вода.
Проектот се реализира со средства од Владината програма за капитални инвестиции, финансирана преку унгарскиот кредит, и претставува дел од пошироката стратегија за рамномерен развој на сите населени места во Општина Кисела Вода.
Македонија
Муцунски на проштална средба со амбасадорката Агелер
Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски информираше дека денеска остварил проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер.
Како што наведе Муцунски, на средбата изразил благодарност за нејзиниот севкупен ангажман и значајниот придонес во унапредувањето на политичката и економската соработка, како и за јакнењето на стратешкото партнерство и одличните билатерални односи меѓу двете земји за време на нејзиниот мандат.
На средбата било изразено заемно задоволство од континуитетот на политичкиот дијалог на високо ниво и од развојот на соработката во сите области од заемен интерес.
Муцунски информираше дека биле разменети и мислења за актуелните геополитички случувања и безбедносни предизвици, при што била потврдена заедничката посветеност на стабилноста на Западен Балкан и силното сојузништво во рамките на НАТО.
Македонија
Како членка на НАТО, не ни прилегаат технички влади, а предвремените избори носат нестабилност, рече Гаши
Претседателот на Собранието Африм Гаши изјави дека е поборник на идејата за одржување редовни избори, оценувајќи дека честите предвремени избори создаваат политичка и економска нестабилност.
На брифинг со новинарите, Гаши посочи дека мандатите треба да се завршуваат до крај, а граѓаните да ги оценуваат политичките субјекти според реализираните ветувања. Тој нагласи дека одлуката за избори ја носат пратениците, односно политичката волја на 61 пратеник.
Во однос на Пржинската влада, Гаши оцени дека, како стабилна држава и членка на НАТО, Северна Македонија нема потреба од технички влади за организирање избори, посочувајќи дека изборните процеси во последниот период поминуваат без сериозни забелешки.
Гаши информира дека на координацијата со координаторите на пратеничките групи повикал на усогласување за изборот на Народниот правобранител, нагласувајќи дека постапката е доведена до пленарна седница и дека таа ќе биде свикана штом ќе има политички договор.
Тој соопшти и дека Собранието чека допис од министерот за правда Игор Филков за формирање работна група за Изборниот законик.
Во однос на наводите од СДСМ дека не бил испратен допис за Анкетната комисија за трагедијата во Кочани, Гаши рече дека тоа не е точно и дека пратеничките групи треба да ги достават своите предлози до Комисијата за избори и именувања.

