Македонија
Османи – Нарбаева во Ташкент: ОБСЕ работи на зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност
Со средбата со претседателката на Сенатот на Узбекистан, Танзила Нарбаева, претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, ја почна посетата на централна Азија.
Во фокус на средбата Османи – Нарбаева беше улогата на Сенатот во напорите за зајакнување на улогата на жените и зголемување на нивната безбедност, што воедно е и еден од главните приоритети на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година.
„Во таа насока канцеларијата на проектниот координатор на ОБСЕ во Узбекистан, заедно со Секретаријатот, соработува со сите владини институции за спроведување на Националната стратегија за постигнување родова еднаквост до 2030 година. За поздравување е и одобрувањето на Националниот акциски план за жени, мир и безбедност“, истакна Османи на средбата со Нарбаева.
Освен на легислативата што се однесува на подобрување на позицијата на жените во општеството, Сенатот на Узбекистан тесно соработува со ОБСЕ и за спроведување на реформите и во други области, како и зајакнување на парламентарниот надзор врз безбедносниот сектор и градење на капацитетите на претставниците на парламентот во Узбекистан.
„ОБСЕ е подготвена да даде поддршка и во насока на спроведување на препораките на ОДИХР, како и во други области. Крајната цел на поддршката што ОБСЕ им ја дава на државните власти на Узбекистан е креирање политики во полза на граѓаните и во насока на зацврстување на демократските процеси“, рече Османи на средбата.
Во рамкитр на посетата на Узбекистан, Османи во Ташкент ќе се сретне и со претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијоев, а со министерот за надворешни работи, Бахтијор Саидов, ќе има заедничка прес-конференција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Пивтијада по 15. пат на плоштадот во Автокоманда
Утре 19.01.2025 година (недела) со почеток во 13:00 часот на плоштадот во Автокоманда ќе се оддржи традиционалната манифестација Пивтијада која општина Гази Баба ја организира 15та година по повод христијанскиот празник Богојавление – Водици.
Оваа манифестација во себе соддржи музички, хуманитарен и натпреварувачки карактер. Преку купување на пивтии граѓаните ќе донираат за Клиниката за детски болести, а преку декоративно украсени пивтии ќе имаат можност да се натпреваруваат за награда.
Истовремено ќе уживаат во македонската песна со настапот на Јордан Митев, Ефто Пупиноски и Даниела Темелковска.
Македонија
Поради трговија со дрога уапсен е Раде Трајковски – Штекли кој трипати се обидоа да го ликвидирааат
Полицијата го уапси Раде Трајковски-Штекли по Наредба на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Тој се сомничи за трговија на дрога, потврди МВР.
Штекли двапати беше цел на напади во трговскиот центар „Ист гејт мол“, при што беше погоден од повеќе куршуми, па опериран и спасен. Пред два месеца во скопската населба Ќерамидница беше фрлена бомба во неговиот двор. Овие случаи кои се одвиваа во изминатите две години не добија своја разрешница.
Македонија
Возилото на „БРАКО“ чисти снег рамо до рамо со тешката механизација на „Комуналец-Неготино“
Возилото на БРАКО изминатите денови го чистеше снегот во Неготино заедно со другата градска механизација и јуначки се носеше со своите поголеми браќа од возниот парк на неготински Комуналец, во услови кога градот беше покриен со снег. Додека поголемите машини ги чистеа главните улици, возилото Грин Машинс на БРАКО го чистеше снегот од пешачките зони, тротоарите и потешко достапните места на улиците.
Моделот ГМ636 кој го избра Неготино има продолжеток за плуг за снег, и додека во нормални временски услови работи како метларка и одржува хигиена на улиците на градот, во зимски услови се претвора во чистач на снег.
,,Машината на БРАКО многу ни помогна и многу сме задоволни’’-изјави директорот на ЈП Комуналец-Неготино, Митко Ѓорѓиев, контактиран од Службата за корпоративни комуникации на БРАКО.
Неготино купи возило Грин Машинс во март 2024г, и додека во текот на целата година свиперот одлично ги чистеше градските улици, ова е првпат целосно да се искористи неговиот потенцијал и да се ангажира и во услови на снег.
(ПР)