Македонија
Османи: НАТО е незаменлив фактор за нашата безбедност
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на видеоконференција на состанокот на министри за надворешни работи на Северноатлантскиот совет на НАТО.
„НАТО е незаменлив фактор за нашата безбедност заради што особено важно е приспособување на алијансата кон новите закани на начин што би ја зајакнал политичката кохезија, а демонстрирање единство и солидарност е од витално значење за справување со предизвиците што се производ на глобалните безбедносни промени“, истакна Османи.
Во своето обраќање министерот се осврна и на потребата од засилена соработка на НАТО и ЕУ во насока на градење регион на Западен Балкан отпорен на безбедносните закани и надворешни влијанија, што е особено значајно во контекст на гарантирање на неповратниот карактер на европските и евро-атлантските процеси.
„Јасната европска и евро-атлантска перспектива за земјите од Западен Балкан мора да биде континуиран двигател за иднината на регионот“, потенцира Османи.
Главна тема на министерскиот состанок беше агендата „НАТО 2030“, односно заокружување на преговорите поврзани со решенијата што треба да бидат усвоени на наредниот самит за идното адаптирање на алијансата кон новото стратешко опкружување, а со порака дека алијансата е обединета во пресрет на растечките предизвици на денешницата и геополитичкото ривалство, како и дека колективната одбрана останува врвен приоритет.
Инаку, министерскиот состанок на Северноатланскиот совет на НАТО се одржа во пресрет на НАТО-самитот закажан за 14 јуни во Брисел, што ќе претставува прво наше учество на лидерски состанок на алијансата во својство на полноправна земја членка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

