Македонија
Османи на видео средба со Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Каират Абдракхманов

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари видео средба со Високиот комесар за национални малцинства на ОБСЕ, Каират Абдракхманов.
“Високо ја цениме соработката со Канцеларијата на ВКНМ на ОБСЕ за што сакам да ја реафирмирам подготвеноста на Владата и натаму да продолжиме уште поинтензивно со оваа соработка, особено за време на нашето идно претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во 2023 година”, истакна Османи.
Исто така, беа разменети мислења во врска со активностите на ОБСЕ, актуелните предизвици со кои се соочува Организацијата во областа која ја покрива Високиот комесар, како и за модалитетите за поефикасно справување со овие предизвици, информираат од кабинетот на Османи.
Тој се заблагодарил на поддршката што Канцеларијата на ВКНМ ја дава на нашите институции во насока на континуирана поддршка за поголема инклузивност и подобрување на севкупниот статус на припадниците на турската, ромската, српската, влашката, бошњачката, како и другите помалите заедници во државата.
“Разменивме мислења за соработката и поддршката во подготовката и спроведување на Владините политики со кои се обезбедуваат сеопфатни инструменти за градење на современа и предвидлива иднина, која ги промовира основните вредности на различноста, вклученоста, почитувањето на човековите права, еднакви можности за жените и мажите, владеење на право, демократија и културата на мирот и дијалогот”, потенцираше Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Филипче: На состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ има присутни началници од МВР

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција ја обвини ВМРО-ДПМНЕ за груба злоупотреба на државните институции во текот на изборната кампања. Филипче потенцираше дека злопупотребата на институциите е најизразена од Министерството за внатрешни работи.
„Во повеќе ситуации, во повеќе општини на состаноците на месните комитети на ВМРО-ДПМНЕ гледаме присутни началници од Министерството за внатрешни работи или ги водат состаноците или се присутни.Тоа е сериозно кршење на законот и злоупотреба на институциите“, истакна Филипче.
На прес-конференцијата Филипче побара од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, да одговори дали лично ги организира овие состаноци и дали стои зад ваквите злоупотреби.
„Барам министерот Панче Тошковски да одговори дали тој ги организира овие состаноци. До меѓународните институции, тие коишто ги пратат изборите апелирам да реагираат на оваа појава, затоа што Министерството за внатрешни работи треба да биде професионална институција, независна којашто им служи на граѓаните, а не на политичките партии“, додаде претседателот на СДСМ.
Македонија
Шукова и Мојсова најавија наплата на паркингот за гости во Карпош: Сите знаеме како е да кружиме околу зграда за слободно место

Кандидатките за градоначалнички на Скопје и на Карпош од СДСМ, Каја Шукова и Маја Мојсова, од Млечен ресторан денес најавија паметни паркинзи со дигитална наплата во оваа општина. Паркирањето на најголем дел од Карпош е бесплатно, но двете кандидатки за градоначалнички сметаат дека тоа не треба да остане така за да има повеќе места за паркирање на жителите.
„Денска сме во Карпош, општина што секојдневно се соочува со еден проблем, а тоа е паркирање. Сите знаеме како е да кружиме околу зградата по работниот ден барајќи слободно место, а коа ќе ни дојдат гости, уште поголем хаос. Во нашата програма паркирањето и урбанизамот се врвен приоритет. Воведуваме паметни паркинзи со дигитална наплата, зони на периферијата поврзани со јавен превоз и информации во реално време. Преку стратегијата ‘Скопје за сите’ обезбедуваме субвенциониран паркинг за семејствата со ниски приходи, пензионерите, младите невработени и секако лицата со попреченост“, рече Шукова.
Паркирањето таа ветува дека ќе го решава и со посебна стратегија „Скопје 2050“.
„Секој нов урбанистички проект ќе мора однапред да предвиди паркинг, зелени површини и простор за пешаци. Не по изградбата туку какао предуслов. Урбанизмот ќе биде транспарентен. Сите планови ќе бодат достапни онлајн со можност за јавни предлози. Ќе донесеме нов, строг и еколошки Генерален урбанистички план. Во првите две до четири години ќе ја изработиме стратегијата Скопје 2050, долгорочна визија за паметен и одржлив град со мешовити урбани зони и уредени јавни простори“, рече Шукова.
Мојсова се пожали дека денес изгубила многу време за да паркира кај Млечен, како што рече, нејзиното поранешно маало.
„Вртев половна час за да најдам паркинг место за да стасам тука. Сакаме Карпош да ја направиме самоодржлива општина. Што значи соамоодржлива? Тоа значи дека ние ќе стопанисуваме со паркингот, ќе треба да се исцртаат паркинг местата, ќе треба да знаеме точно колку паркинг места има во општина Карпош, но сето тоа ќе мора да биде и со некакво субвенционирање за граѓаните на Карпош, а за посетителите ќе биде со наплата. Тоа значи дека ќе работи по принципот на ПОЦ. Немањето паркинг секогаш е поврзано со неноранлата урбанизација, која во суштина ги прави овие проблеми. Кога ќе се сетам на минатото тука секогаш сум можела да најдам паркинг, сега не. И тоа не е најголемиот проблем, ова е првиот дел кој се граничи со општина Центар, кој е бесплатен и нормално сите посетители кои одат во Центар и кои што треба да плаќаат паркинг, тука наоѓаат бесплатен паркинг. Некако ќе мораме да го решиме тој проблем, граѓаните на Карпош се пред сите граѓани во оваа општина, да си го најдат паркинг местото и да доаѓаат без нервози дома“, рече Мојсова.
Им вети на карпошани дека повеќе урбанизација нема да има во тој дел на општината, односно нема повеќе да дозволува на местото на куќите кои се останати да се прават згради, а не ја исклучи и можноста паркирањето да се решава со монтажна гаража.
Македонија
Муцунски – Плаколм: Поддршка од Австрија за проширувањето на ЕУ

Денеска, во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Тимчо Муцунски оствари средба со министерката за Европа, интеграција и семејство на Република Австрија, Клаудиа Плаколм, која престојува во работна посета на нашата земја.
Во фокусот на разговорите беа актуелните прашања поврзани со европската интеграција и напредокот на државата во процесот на пристапување кон Европската унија.
Министерот Муцунски ја реафирмираше стратешката определба за членство во Унијата, нагласувајќи ја посветеноста кон спроведување на реформите, унапредувањето на регионалната соработка, добрососедските односи и придонесот кон стабилноста и мирот во регионот.
На средбата беше потврдена и континуираната поддршка на Австрија за проширувањето на Европската унија и нејзината важна улога во поттикнување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан.
Двајцата соговорници ги потврдија одличните билатерални односи меѓу двете држави, при што изразија подготвеност за нивно понатамошно унапредување, со посебен акцент на продлабочување на трговската и економската соработка.