Македонија
Османи на работен појадок со Фајон заедно со шефовите на дипломатијата и специјалните претставници за Западен Балкан
На маргините на Бледскиот стратешки форум, денес, министерот за надворешни работи Бујар Османи учествуваше на работен појадок организиран од страна на министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, заедно со министрите за надворешни работи на Косово, Доника Грвала-Шварц, на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, на Хрватска, Гордан Грлиќ Радмн и заменик-министерката за надворешни работи на Албанија, Меги Фино. Покрај шефовите на дипломатијата од државите на Западен Балкан, на состанокот учествуваа и специјалните претставници за Западен Балкан на Словенија, Анжеј Франгеш, на Норвешка, Арне Санес Бјорнштад, на Велика Британија, лорд Стјуарт Пич, и на Австрија, Јоханес Ајгнер.
Евроинтеграцијата на земјите од регионот како нивна стратешка определба и надворешнополитичка цел беше главна тема на разговор, при што Османи нагласи дека, покрај јасна временска рамка за следното проширување на Унијата, концептот на забрзана интеграција на регионот пред членството ќе донесе поголема предвидливост, стабилност и ќе го зајакне кредибилитетот на политиката за проширување.
Министерот ги брифира соговорниците за актуелните состојби во земјтва, заложбите во рамките на регионалната соработка и пошироко, како во рамките на Процесот за соработка во Југоисточна Европа и Организацијата за безбедност и соработка на Европа, со кои земјата претседава, така и во рамките на НАТО.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ДИК: Излезноста до 15 часот изнесува 18,18 отсто
Државната изборна комисија соопшти дека до 15:00 часот, на повторените избори за градоначалник во општините Врапчиште, Гостивар, Центар Жупа и Маврово и Ростуше, гласале вкупно 23.298 гласачи, што претставува 18,18 отсто од вкупно запишаните 128.286 гласачи.
По општини:
– Врапчиште – 21,01%
– Гостивар – 17,85%
– Центар Жупа – 10,99%
– Маврово и Ростуше – 18,60%
Гласањето се спроведува на 215 избирачки места.
Македонија
(Видео) МВР: Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
Локалните избори кои се одржуваат во дел од општините на подрачје на СВР Тетово, односно ОВР Гостивар и СВР Охрид се одвиваат во мирна, фер и демократска атмосфера, информира Министерството за внатрешни работи.
„МВР презема мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес. До сега не се регистрирани инциденти или било какви нарушувања на јавниот ред и мир. МВР апелира до сите граѓани и до политичките партии, да придонесат за мирна и демократска атмосфера. Доколку има било какво нарушување на изборниот процес граѓаните да пријават во најблиската полициска станица или на телефонските броеви 192 или 112“, се наведува во објавата на ФБ.
Македонија
(Видео) ДИК: До 13 часот излезноста е 8,90 отсто, едно избирачко место воопшто не е отворено
До 13:00 часот на повторените локални избори гласале 11.217 лица или 8,90 отсто, соопшти Државната изборна комисија.
По општини:
– Врапчиште – 9,58 %
– Гостивар – 8,74 %
– Маврово – Ростуше – 10,03 %
– Центар Жупа – 6,61 %
Портпаролката на ДИК, Радица Тодоровска Алексовска, кажа дека гласањето на сите избирачки места се одвива непречено, освен на избирачкото место 0782 во Ќафа кое се уште не е отворено.

