Македонија
Османи на Светскиот економски форум, во фокусот новата геополитичка реалност
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи учествуваше на настан посветен на геополитичките предизвици за обезбедување на одржлив развој, соработка и мир на глобално ниво, во организација на Светскиот економски форум, а во рамки на 77-то Генерално Собрание на Обединетите нации.
Акцентот на дискусиите беше поставен на новата геополитичка реалност, унапредување на одржливата и колективна безбедност заради справување со новите предизвици, идентификување на можностите за соработка со фокус на соработката со приватниот сектор, како и улогата на приватниот сектор во споделување на глобалните приоритети, а со цел обезбедување непречен прогрес кон имплементација на целите за одржлив развој и гарантирање на мирот и безбедноста.
„Само со силно политичко лидерство од страна на владите може да биде постигнат одржливиот мир, правда и ефективни и одговорни институции, а во фокусот на агендата за одржлив развој треба да бидат луѓето, како главен приоритет при обликувањето на идните стратегии’’, истакна Османи.
На настанот учествуваа повеќе од триесет високи владини претставници, министри за надворешни работи, како и претседатели и менаџери на големи меѓународни фондации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

