Македонија
Османи на средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, акредитирани во земјава.
Средбата беше во функција министерот да ги брифира амбасадорите и да даде пресек за актуелните случувања поврзани со европската агенда на земјата, особено предизвиците во билатералните односи со Бугарија и процесот на усвојувањето на преговарачката рамка како предуслов за почеток на преговорите со ЕУ.
„Северна Македонија демонстрираше посветеност кон европската интеграција, реформскиот процес и регионалната соработка создавајќи со тоа стратешка кредибилност пред своите партнери. Не отстапуваме од нашата амбиција да продолжиме со надворешната интеграција со нашето најблиско соседство, кое посакуваме да резултира со стабилни и квалитетни добрососедски односи, со потенцијал да преминат во трајно пријателство со силна меѓусебна доверба“, истакна Османи.
На средбата се дискутираше и за учеството на Северна Македонија во заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Во тој контекст, Османи истакна:
„Нашата држава во 2021 година има постигнато висок степен на усогласување со позициите на ЕУ, дури 96 % што е индикатор дека земјата ги споделува вредностите и проинципите на надворепшната политика на Европската Унија”.
Зборувајќи за надворешната политика на земјата, Османи се осврна и на регионалните и на безбедносните предизвици и за ситуацијата во и околу Украина, што претставува закана за европската и меѓународната сигурност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце за излез од државата се чека околу 30 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен, извести АМСМ.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за излез е околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 15:30 часот, корисниците на улица Филип Богдански, општина Аеродром;
· од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од дел од улицата Црноризец Храбар, од бр. 2 до бр. 20., општина Аеродром.
Македонија
Сончево со мала до умерена локална облачност, температурата до 32 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 31 степен.
Времео во наредните денови
Во вторник претежно во планинските региони ќе има услови за локален слаб дожд. Дневните температури ќе бидат малку под просекот за овој период од годината. Од средината на следната седмица времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.