Македонија
Османи на средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ: Потребата од донесување на уставните измени е наша обврска

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес имаше средба со амбасадорите на земјите членки на ЕУ, акредитирани во земјата. Министерот направи пресек на последните случувања на надворешен план, со акцент на нашата ЕУ-агенда и одржувањето на Советот за стабилизација и асоцијација првпат во Северна Македонија, средбата во рамките на дијалогот Косово – Србија во Охрид, како и вчерашната посета на шефицата на германската дипломатија, со што ЕУ порача дека ја смета Северна Македонија за кредибилен партнер.
„Одржувањето на Советот за стабилизација и асоцијација минатата седмица првпат во Скопје, како и одржувањето на средбата меѓу српскиот претседател, Вучиќ, и косовскиот премиер, Курти, во Охрид е признание за новата улога на Северна Македонија во регионален контекст, во насока на зачувување на регионалната безбедност и просперитет, промовирање на културата на дијалог и ЕУ-перспективата на државите од Западен Балкан“, рече Османи истакнувајќи дека оваа интензивна надворешнополтичка агенда претставува потврда за европската иднина на регионот.
На средбата стана збор и за следните чекори во однос на нашиот пристпаен процес во ЕУ, со посебен акцент на досегашната успешна реализација на скринингот, потребата од донесување на уставните измени како наша преземена обврска, тековните предизвици во рамките на претседавањето со ОБСЕ и одржувањето на третото издание на Преспа-форумот за дијалог.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Асфалтирање на краци од улица „500“ во Марино, општина Илинден

Во рамки на програмата за реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта, општина Илинден продолжува со активности за подобрување на патната инфраструктура, известуваат од Општината.
Како дел од овие активности, целосно се реконструирани и асфалтирани три краци (крак 1, крак 4 и крак 5) од улицата „500“ во населбата Марино, во вкупна должина од приближно 230 метри, велат од општина Илинден.
Градоначалникот Александар Георгиевски изврши увид во градежните зафати и нагласи дека претходно на овие улици е поставена фекална канализација, по што се пристапува кон финализирање со асфалтирање. Во наредниот период се предвидува продолжување со слични зафати на други улици, со цел унапредување на условите за сообраќај, зголемување на безбедноста и подобрување на квалитетот на живот на жителите.
Проектот е целосно финансиран од буџетот на Општина Илинден, со што значително ќе се подобри локалната патна инфраструктура, се додава во соопштението.
Македонија
(Фото) На Стење фатен патник со златен накит вреден 346 илјади денари

На граничниот премин Стење со Албанија, царинските службеници во соработка со гранична полиција спречија обид за криумчарење на златен накит со вкупна вредност од 346 илјади денари. Против сторителот до надлежното Јавно обвинителство, поднесена е кривична пријава за сторено кривично дело – криумчарење, казниво по Кривичниот законик, извести Царинската управа.
Сторителот, македонски државјанин, се обидел нелегално да ја внесе стоката, без да ја пријави кај надлежниот царински орган.
Поради сомневање, царинските службеници извршиле детална контрола на возилото со кое патувал, при што во куферот, меѓу личните предмети, биле пронајдени пет златни белегзии спакувани во кутии за накит, велат од Царинската управа и додаваат дека и натаму остануваат посветени на заштита на државните интереси и спречување на сите форми на криумчарење.
Македонија
Салиу-Хуменбергер: Интеграцијата на Ромите не е само национален приоритет, туку и европска вредност

Министерот без ресор задолжен за интеграција и имлементација на Стратегијата за инклузија на на Ромите 2022-2030, Шабан Салиу, оствари работна средба со заменик-амбасадорот на Австрија, Матијас Хуменбергер.
Во рамки на разговорот, соговорниците разменија мислења за унапредување на заедничката соработка и дефинираа можни конкретни чекори за реализација на иницијативи во областа на образованието и културата, со особен акцент на интеграцијата на Ромите.
„Интеграцијата на Ромите не е само национален приоритет, туку и европска вредност. Затоа е значајно што Австрија, како наш партнер, покажува интерес за поддршка на иницијативи во областа на образованието и културата, кои ќе им отворат повеќе можности на младите и ќе го зачуваат нашиот културен идентитет,“ истакна Салиу.
На средбата беше нагласена заедничката заложба за понатамошно продлабочување на партнерството и спроведување на активности кои ќе придонесат кон инклузивни политики и долгорочен развој на ромската заедницата.