Македонија
Османи на средба со Симовски: Пописот е обврска и должност за сите граѓани
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, се сретна со директорот на државниот завод за статистика, Апостол Симовски, и заменик-директорот Илми Селами. Средбата беше во насока на меѓуинституционална координација со цел непречено организирање на претстојниот пописот на која беа отворени сите прашања за начинот и постапката на којашто ќе се попишува нерезидентното население.
Согласно Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија во 2021 година, покрај државјаните на земјата кои се присутни во државата за време на пописот, ќе се попишуваат и државјаните кои се нерезидентните граѓани, односно оние кои во периодот на пописот се надвор од земјата.
Во таа насока, Османи рече дека Министерството за надворешни работи ќе биде активен чинител во оваа најобемна статистичка операција, и согласно своите надлежностите.
„Сите ние, без исклучок, имаме обврска овој процес да го реализираме ефикасно и најодговорно, согласно нашите надлежности. Демократските општества не можат да функционираат правилно без солидна база на сигурна и објектива статистика. Пописот гарантира демократска, правична и одржлива политика која произлегува од граѓаните и е наменета за граѓаните“, истакна Османи, дополнувајќи дека капацитетите на целото министерство и дипломатско-конзуларните претставништва ќе бидат ставени во функција за спроведување на успешна пописна операција за нерезидентното население.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Герасимовски: Воведуваме „Центарска картичка“ со попусти за културни, спортски настани, локали и продавници
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека се воведува „Центарска картичка“ со попусти за културни и спортски настани, локали и продавници.
„Секој центарец добива еднаш годишно бесплатна карта за театарска претстава, а за секоја следна купена карта добива 20% попуст. Со картичката, овоможуваме и 20% попуст за натпреварите на нашиот најтрофеен клуб „Работнички“, како и попусти за влез на базен. На нашите центарци, на децата и возрасните им овозможуваме подобри услови и поволности“, рече Герасимовски.
Македонија
Почина Агим Јонуз
Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување.
Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија не само како аналитичар и колумнист, туку и како поранешен советник и портпарол на поранешниот претседател на Собранието, Лупчо Јордановски и на поранешниот премиер Бучковски.
Во 2021 година Јонуз беше носител на листа на советници за Град Скопје предложен од „Твоја Партија“.
Јавноста го познаваше како чест гостин во политичките дебатни емисии на телевизиите.
Погребот на Агим Јонуз ќе се одржи утре, 26 октомври 2025 година, на гробиштата во Бутел.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има предност пред нејзиниот опонент од СДСМ, ќе биде следниот градоначалник на општината.
Мицкоски нагласи дека граѓаните јасно ја изразиле својата волја и доверба кон ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, која во првиот круг освоила 33 градоначалници, наспроти тројца од СДСМ, а во вториот круг влегла во 26 општини.
„Веќе во две општини противниците на нашите кандидати се откажаа – Македонски Брод и Могила – така што во овој момент коалицијата има 35 градоначалници и уште во 24 општини е во втор круг. Тоа се 59 потенцијални градоначалници“, рече Мицкоски, додавајќи дека тоа ќе биде историски најголем триумф на македонската политичка сцена.
Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на овие избори, имајќи мнозинство и во 58 општински совети, а го истакна и водството на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, со предност од над три спрема еден во однос на противкандидатот.
Мицкоски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање на 2 ноември и да го заокружат бројот 9, за, како што рече, да се потврди „најголемата победа во историјата на Македонија“.

