Македонија
Османи на средба со Чавушоглу – во фокусот билатералните односи и регионалните предизвици
Денеска, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, ќе оствари официјална посета на Република Туркије, при што ќе се сретне со својот домаќин, Мевлут Чавушоглу, информираат од кабинетот на Османи.
Во фокусот на разговорите ќе бидат билатералните односи и мултилатералната соработка во рамките на НАТО и ОБСЕ, регионалните предизвици, како и последици на руската инфазија на Украина.
Освен со својот домаќин, Османи ќе оствари средба и со претседателот на големото Национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп.
На маргините на посетата на Анкара, Османи ќе се сретне и со поранешниот министер за надворешни работи, Хикмет Четин, кому ќе му додели признание по повод 30-годишнината на независноста на Северна Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Герасимовски: 100 семејства добија по 7.000 денари за новороденче
Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска лично им врачи решенија за еднократна парична помош на 100 семејства кои имаат новороденче. Еднократната парична помош којашто редовно Општина Центар ја доделува е во висина од 7.000 денари.
Герасимовски потенцираше дека Општина Центар вложува многу во растот и развојот на децата.
„Децата се нашето богатство и наша иднина, затоа и јас како градоначалник и ние како општина вложуваме многу во нивниот раст и развој. Посветуваме посебно внимание во нивен квалитетен развој, но и во поминување на нивните школски денови. Ги подобруваме условите со цел да им овозможиме достоинствен престој во градинките и во основните училишта. Упатувам благодарност до општествено одговорните компании за соработката. Радувајте се секојдневно на вашите најмали, затоа што они се и нашата светла иднина“, рече Герасимовски.
Покрај финансиските средства, новите родители добија и пакет педијатриски производи и услуги од општествено одговорните компании Жан Митрев, Mollers, Веледа, Хип, Европа лек фарма и Би-МЕК.
Општина Центар продолжува да инвестира и да се грижи за најмладите.
Македонија
Стојаноски: Богаташот од Дубаи, Филипче, бега од поставување пратенички прашања и се крие зад партиската говорница
На денешната седница за пратенички прашања во Собранието на Република Македонија, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски ја критикуваше опозицијата за тоа што само тројца пратеници присуствуваат на седницата во Собрание додека видните функционери на СДС, не ја користат собраниската говорница, туку се кријат зад својата партиска говорница.
„Од партиската говорница, од собраниската говорница, од прес-конференциите можете да обвинувате, да инсинуирате, да лажете, да делите квалификативи, но кога ќе дојде тоа сето да се соочи со оние коишто се одговорни за водење на политиките, кога ќе треба директно да ги прашате, тогаш ги нема“, посочи Стојаноски.
Стојаноски истакна дека истите тие пратеници, доста активно делувале од партиските прес центри, но кога ќе дојде моментот за соочување со претставниците на Владата, доаѓаат само тројца пратеници. Тој додаде дека лидерот на СДС по минатиот дебакл на седницата за пратенички прашања, не се осмелува да дојде повторно.
„Веројатно, богаташот од Дубаи, по она коешто го доби како средување претходниот пат, на памет не му паднало да дојде тука да постави прашање“, нагласи Стојаноски.
Стојаноски појасни дека, доколку пратениците од опозицијата имаат некакви прашања поврзани со конкретна тема, можат да се обратат во Собранието, на седница за пратенички прашања и да се обратат кон претседателот на Владата и кон министрите.
Македонија
Николоски: Затекнавме катастрофална состојба во железницата, наследивме нула функционални локомотиви, возови речиси и да немаше
Смешно е кога се прават теории на заговор за некакви оски во услови кога затекнавме катастрофална состојба во Железницата. Слушавме за бајковити проекти од 300-400 милиони евра, а вработените плата не можеа да им однесат на семејствата. Патнички возови и да немаше а наследивме нула локомотиви и дваесетина композиции кои што чекаа на граница бидејќи немаше како да бидат пренесени. Сега состојбата е сменета, оваа Влада започна со реформирање на Желеницата и до крај на годината ќе покаже позитивни резултати, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николовски на одговор на пратеничко прашање.
Тој потенцира дека сега се оспособени патнички возови за сообраќај како и шест локомотиви, а до крај на годината ќе бидaт функционални вкупно девет локомотиви со што Железница извесно е дека за вторите шест месеци откако се формира Владата, ќе заврши со позитива во работењето.
Во однос на пругата за Коридор 8, вицепремиерот Николоски истакна дека до крај на годината ќе се заврши изградбата на првиот дел од Куманово до Бељаковце, додека за втората фаза рече дека проблемот со слабиот прогрес на работа е во фирмата изведувач.
„За втората фаза изградбата оди многу бавно и основната причина е изборот на изведувач. Избрана е компанија која целосно неодговорно работи и не ги исполнува обврските. Во моментов реализацијата е 27, 3 % а рокот за завршување е октомври 2026 година и би сакал да го повикам Обвинителството да испита како оваа компанија е избрана. Се работи за компанијата Ѓулермак. Во која постапка е избрана и да дадам некои наводи, дали е манипулирано со должината на шините и начинот на монтирање на истите и на тој начин е отфрлена конкуренцијата? За исто ова имам доставено пријави до Обвинителството, но досега ништо не работат, па да ги мотивирам да поработат. Јас не се кријам, кривичните пријави лично сум ги потпишал” – истакна вицепремиерот Николовски
Во однос на третата фаза, вицепремиерот Николоски потенцираше дека оваа Влада иако била критикувана од Бугарија постапила домаќински бидејќи заштедени се пари на граѓаните.
“ Во однос на аргументи, фудбалски кажано Бугарија ги добивме со 3-0. Трите наши аргументи се прифатени и очекувам да соберат храброст и да се одржи и третиот состанок во Скопје. Еве оваа недела требаше да се одржи во Скопје, но одолговлекуваат. Нека соберат храброст да ја затвориме оваа тема. Нашите аргументе се јасни. Да се направи ревизија на цената, мора да има зеднички проект за потенцијално тунелот кој треба да ги спојува двете држави и трето да си го завршат нивниот дел да се спојат до границата. Поентата на изградба на оваа пруга е да се споиме и да имаме воз од Скопје – Софија – Црното море. Во однос на другата страна на коридор 8, нашиот сосед има некоја железница од времето на Енвер Хоџа која е нефункционална и завршува во местото Лин. Но ако следите медиуми тие почнаа да работат на две железнички линии кои што не се поврзани со Македонија, а тое е Драч -Тирана и другата што сакаат ја да градат е од Валона -Драч – Бар и да се поврзат со проистаниште Бар и целосно го игнориаат потенцијално коридор 8. И да се запрашаме, дали треба да се трошат пари за нешто што нема да не поврзе со никого, па мислам дека подомаќинско мислење од ова нема”- изјави Николоски.
Како што истакна вицепроемиерот Николоски, Македонија работи на стратешкиот проект за брза пруга на коридор 10 кој треба да биде крвотокот на македонската економија.