Македонија
Османи на средба со јапонскиот престолонаследник Акишино

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денес, во рамките на работната посета на Јапонија се сретна и со престолонаследникот Акишино и принцезата Акишино.
Како што информираат од Министерството, Османи изразил задоволство од односите меѓу двете земји, особено во делот на културната соработка.
Тој го поздравил делото на Кензо Танге како точка на обединување и симбол на пријателството меѓу двете земји, како и годинешното доделување на наградата „Златен венец“ на јапонскиот поет Шунтаро Таникава во рамките на Струшките вечери на поезијата.
Потоа Османи остварил средба со претседателот на Парламентарната група за соработка меѓу Северна Македонија и Јапонија, Шинџи Иноуе, и други членови на групата.
На средбата станало збор за теми од билатералните односи меѓу двете земји, можностите за унапредување на соработката особено во делот на економијата и бизнисот, современите безбедносни предизвици и нивното влијание врз европскиот континент и Индо-Пацификот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЗНАМ: Горанчо Котевски, поранешениот началник на Генералштабот на АРМ за носител на советничката листа за Скопје

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија на денешната прес-конференција ги соопшти ноителите на советничките листи за претстојните локални избори во скопските општини и во градот Скопје. Портпаролот на движењето, Никола Мемов рече дека на последната седница на Извршниот одбор била усвоена одлука на претстојните избори да настапат со свои советнички листи во 53 општини, плус Градот Скопје.
„Оваа бројка е гласот на народот. Оваа бројка е доказ дека Движењето ЗНАМ е најбрзо растечкото движење во Македонија.
Дозволете ми да ги соопштам носителите на советничките листи во скопските општини:
-за носител на листата во Аеродром, предложен е Љупчо Марковски Калц, поранешен капитен на фудбалската репрезентација на Македонија и член на златната шампионска генерација на Вардар.
-за носител во Центар е предложен м-р Крумислав Мишко Барзов магистер по спортски менаџмент, член на европскотo жири за автомобил на годината и еден од најистакнатите автомобилски ентузијасти во државата
-за носител во Карпош е предложен проф д-р Јасмин Циривири, професор на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, врвен хирург ортопед во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје;
– за носител во Бутел е предложен Ѓорги Станко Чековски, член на кошаркарската репрезентација на Македонија и дел од тимовите на „МЗТ Скопје“ и „Работнички“;
-за носител во Гази Баба е предложен Зоран Доневски, пензиониран началник во полицијата, дипломиран економист, почитуван и познат помеѓу граѓаните на Гази Баба како чесен и професионален во неговата кариера;
– за носител во Ѓорче Петров предложен е Тони Симиќ, легендарен центар на кошаркарската репрезентација на Македонија и омилен играч на тимовите на „МЗТ Скопје“ и „Работнички“;
-за носител во Кисела Вода предложен е Сашо Петровски, дипломиран економист, истакнат приватен стопанственик;
-за носител во Чаир предложен е Николче Наумов, дипломиран правник, докажан експерт од областа на кривичното право, истакнат адвокат кој ќе биде коректор на одлуките и гарант на законитоста во работењето на Општина Чаир“, соопшти Мемов.Тој нагласи дека ова се луѓе со интегритет, со знаење и со чиста и искрена намера да работат за нивните соседи, за нивните заедници, за наша Македонија.
Тие се нашата најголема гаранција дека ветувањата ќе станат дела, дека ќе изградиме поуредени општини, поурбанизирани места за живеење, почиста животна средина и подобар квалитет на живот за сите.
Извршниот одбор донесе одлука за поддршка на натпартискиот кандидат за градоначалник на Општина Кочани – д-р Влатко Грозданов“, рече Мемов и додаде дека со оваа одлука јасно покажуваат дека нивната борба не е за партиски интереси, туку за визија, одговорност и напредок.
„Во градот Скопје ќе настапиме со силна листа, предводена од Генерал Горанчо Котески, поранешен Началник на Генералштабот на АРМ.
Дозволете ми покрај носителот на листата Генерал Горанчо Котески да ви претставам само дел од предложената градска листа: Проф. д-р Билјана Андреска Богданоска, доктор на економски науки, актуелен Ректор на Европски универзитет – Скопје;
– проф д-р Горан Ајдински, редовен професор на Филозофскиот факултет на УКИМ, декан на Факултетот во два мандати
-Мире Јанев, скопска урбана легенда, сопственик на култниот локал „Плеј кафе“ на улица „Македонија“, познат како Миро Плеј;
Дополнително, на последните места од градската листа ќе препознаете актуелни носители на јавни функции од Движењето ЗНАМ, луѓе кои немаат ниту една дамка во своето работење.
На листата се предложени:
– д-р Лилјана Којиќ, директор на Здравствен дом „Железара“
– Виктор Јовановски, Член на УО и директор на секторот за комерција во
ЕСМ;
-д-р Злате Мехмедовиќ, директор на Универзитетската Клиника за физикална медицина и рехабилитација;
– Марин Докузовски, истакнат спортски работник, селектор на кошаркарската репрезентација на Македонија и тренер на „Работнички“;
– Игор Трајановски, доктор на општествени науки, Генерален директор на АД „Аеродроми на Македонија“, рече Мемов.
„Тоа е најсилниот доказ за нашата суштина и пристап во политиката – во ЗНАМ нема привилегии, нема затворени кругови, нема политика за фотелји и за лични интереси“, рече Мемов.
Македонија
Aлиу: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за унапредување на здравствениот систем

Министерот за здравство Азир Алиу се обрати на свеченото отворање на 21. конгрес на лекарите на Македонија, кој традиционално го организира Македонското лекарско друштво и важи за најголем медицински собир во земјата со речиси 600 учесници и многу еминентни предавачи од нашата држава и од странство.
Во своето обраќање министерот Алиу особено се осврна на дигиталното здравство и на дигитализацијата како еден од клучните столбови за унапредување на здравствената заштита и на системот во целост.
„Во рамките на севкупната стратегија за дигитализација и оптимизација на здравствениот систем веќе најавивме и ново софтверско решение како апликација, кое ќе ги олесни комуникацијата и движењето на пациентот во здравствениот систем. Целта е апликацијата да овозможи пациентот во секое време да внесе здравствени индикатори врз основа на кои матичниот лекар или специјалистот ќе може веднаш да реагира – со менување на терапијата или давање препораки за натамошно лекување, односно ако системот детектира вредности надвор од нормалата, автоматски ќе алармира“, истакна Алиу.
Посочи дека ваквите конгреси претставуваат извонредна можност за размена на знаења и искуства меѓу многубројните експерти, а со својата стручна експертиза придонесуваат кон подигнување на нивото на медицинската наука и практика.
На 21. конгрес на лекарите на Македонија свое обраќање имаше и претседателот на Македонското лекарско друштво, Горан Димитров.
Македонското лекарско друштво оваа година го прославува 80-годишниот јубилеј и е најстарo професионалнo здружениe во земјава, кoe ги обединува сите лекари. Особено значаен сегмент во нашата работа е континуираната медицинска едукација со организирање стручни предавања, како и придонесот во создавањето и модифицирањето на медицинските протоколи во разни специјалности, истакна Димитров.
Македонија
(Видео) Тренчевска: Граѓаните едвај врзвуваат крај со крај, ќе прифатите ли зголемување на минималната плата на 500 евра

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати две прашања до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, кои се однесуваа на постојаното поскапување на цените, лошиот животен стандард на граѓаните, како и одбивањето на власта да ги покачи платите, во време кога трошоците за живот растат.
„Македонија станува земја во која трудот не се вреднува, достоинството на граѓаните, на работниците е понижено. После 15 месеци, граѓаните гледаат и чувствуваат на свој грб дека од оваа влада не можат да очекуваат никаква помош, ниту мерки за подобрување на животниот стандард, ниту повиски плати. Гледаат и слушнаа дека се оставени сами“.
Статистиката, вели таа, постојано регистрира раст на основните трошоците за живот растат, на цените, а стагнирање на платите.
„Да не се лажеме, забавувањето на инфлацијата на месечно ниво за август како што сака да прикаже премиерот не е репер дека нешто се подобрува. Македонија има инфлација меѓу највисоките во Европа. Просечната инфлација во ЕУ изнесува 2.1%, а кај нас во август годинава е двојно повеќе, 4.4%. Само прехранбените производи се поскапи за 6,7%, а дури за 11% во август се поскапени зеленчукот и овошјето. Цените на сите производи одат само нагоре. Минималната синдикална кошница, откако сте на власт, секој месец урива нови рекорди.
Ова според неа, значи дека во периодот откако оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е на власт, основните трошоци за живот се зголемени за околу 4.300 денари. Во исто време, додаде дека минималната плата е зголемена за само 1.800 денари.
„Ова е директен удар врз стандардот на граѓаните и работниците. Овие бројки се поразителни и доказ дека немате ниту капацитет ниту желба да ја зауздате растечката инфлација и цените. Секоја мерка овие 15 месеци ви доживеа дебакл.Наместо да ги заштитите граѓаните, застанавте на страната на заштита на профитите на големите маркети. Платите не мрднуваат, додека земјите од регионот веќе донесоа одлука за раст на минималната плата. Во Албанија од следната година минималната плата ќе биде 500 евра, во Србија 550 евра – нашите граѓани остануваат на дното.
Македонската просечна плата е само 35% од просечната плата во ЕУ, а цените достигнуваат 60% од европскиот просек на цени“.
СДСМ, кажа таа, и во најголемите кризи, и за време на ковидот и за време на енергетската криза, не барала изговори за зголемување на платите – тие постојано растеле .
„Ги заштитивме работните места, компаниите, го заштитвме стандардот на граѓаните со мерки од над 2 милијарди евра, кои што директно ги упативме кон граѓаните. Додека ние се грижевме, вие ги манипулиравте граѓаните. Оттука, имам две прашања до вас министре:Дали планирате да донесете мерки за намалување на цените на прехранбените производи? Дали ќе ги прифатите предлозите на пратеничката група на СДСМ за зголемување на минималната плата на 500 евра и укинување на ДДВ за прехранбени производи?