Македонија
Османи: Ние сме алката што ѝ недостига на ЕУ
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Португалија оствари средба со министерот за надворешни работи на оваа земја, Аугусто Сантос Силва.
Како што информираат од кабинетот на Османи, на средбата биле отворени теми поврзани со европската интеграција на нашата земја во пресрет на претстојниот извештај на Европската комисија и јунските самити на Европската Унија.
Притоа, Османи го информирал својот соговорник за спроведените реформи во клучните приоритетни области.
„Високо ја ценам португалската поддршка за евро-атлантските аспирации и за почнување на пристапните преговори на Северна Македонија, како и генералниот став на Португалија за поддршка на проширувањето на земјите од Западен Балкан, што ќе донесе стабилност на целиот регион и ќе ги отвори вратите за соработка на повеќе полиња, што секако е во интерес и на одржувањето стабилност на цела Европа“, истакнал вицепремиерот посочувајќи дека нашата земја е алката што ѝ недостига на Европа на Балканот.
Тој посочил дека иако во моментот е во тек предизборната кампања, се продолжува се спроведување на реформите.
Во рамките на работната посета на Португалија, Османи остварил средба и со претседателката на Комисијата за европски прашања во рамките на португалскиот парламент, Регина Бастос, а в недела (7 април) вицепремиерот ќе учествува на годишниот глобален состанок „Хорасис“, кој, како што информираат од неговиот кабинет, е еден од водечките светски собири за бизнис на владини лидери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

