Македонија
Османи: Поддршката од Шведска e важен чекор за европскиот пат на Северна Македонија
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска оствари видеосредба со министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Ан Линде.
Од Кабинетот на Османи соопштија дека главен фокус на разговорот бил ставен на потребата од јасен и недвосмислен одговор на европските аспирации и перспективите на Република Северна Македонија, особено по одлуката за почеток на преговорите на мартовскиот европски совет.
„Продолжуваме да работиме активно на европската агенда, на негувањето на добрососедските односи, на економскиот развој на државата – посветени сме на крајната цел: полноправно членство во ЕУ“, нагласил Османи информирајќи ја министерката за досегашните постигнувања и резултати во клучните реформски области, за добрососедските односи и состојбите во регионот.
Османи искажал благодарност до Шведска, која со континуираната поддршка потврдува дека е конзистентен промотор на процесите на суштинска демократизација во нашата држава и на регионот во целина.
„Особено сме благодарни за интензивната соработка со Шведската агенција за меѓународен развој и соработка – SIDA, преку многубројните реализирани и предвидени проекти, кои придонесуваат кон прифаќањето на заедничките европски вредности за демократска стабилност, за владеење на правото и за економски просперитет во земјата“, потенцирал Османи.
Министерката Линде ја поздравила, како што се наведува во соопштението, силната и одлучна посветеност на Владата на Северна Македонија за спроведување на реформската агенда неопходна за забрзување на европската интеграција на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Шуто Оризари и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците од улицата Македонско Косовска Бригада лоцирани спрема подвозникот кај Визбегово, како и дел од корисниците од улицата Индира Ганди, лоцирани покрај пруга кај подвозникот, општина Шуто Оризари;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од улицата Фјодор Достоевски, општина Карпош.
Македонија
Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар
На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во должина од 50 метри. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Тетово – Гостивар до 70 метри, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Без вода денеска објектите на хотел Континентал и Ист Гејт
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на затворач на булеварот Александар Македонски бб (кај Континентал), прекинато водоснабдување ќе имаат објектите на хотел Континентал и Ист Гејт.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

