Македонија
Османи: Постои силна поврзаност помеѓу слободата на медиумите и безбедноста
Постои силна поврзаност помеѓу слободата на медиумите и безбедноста. Како најголема регионална безбедносна организација, ОБСЕ игра клучна улога во промовирањето на мирот и безбедноста во 57-те земји-учеснички, а со тоа и на безбедноста на новинарите.
Ова го истакна Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи во неговото видео обраќање по повод Светскиот ден на слободата на медиумите на настанот „Дали може да има безбедност без слобода на медиумите?“ организиран од канцеларијата на Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми и Претседателството на Северна Македонија со ОБСЕ во Њујорк.
„Целосно го поддржувам и се согласувам со мотото дека слободата на изразување е двигател за почитувањето на сите други човекови права. Би сакал да додадам дека слободата на изразување е витално право што го одразува нивото на демократија во секое општество. Во тој контекст, од суштинско значење е да се заштитат независните и плуралистички медиуми кои во вистинска светлина ја претставуваат реалноста на теренот и ги информираат граѓаните“, рече Османи во своето обраќање.
Во таа насока е и мотото на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ „За луѓето се работи“ , додаде Османи, бидејќи луѓето заслужуваат да ја знаат вистината.
Османи истакна дека за жал вистината, а со тоа и безбедноста е загрозена повеќе од една година поради воената агресија против Украина, спроведена од Руската Федерација.
„Таа предизвикува огромна неправда и страдања и ги уништува животите и средства за живот на милиони Украинци. И како што вели познатата поговорка „Вистината често е првата жртва на војната. И вистината умира во темнина“, рече Османи.
Претседавачот повика на заедничка акција од страна на сите демократски лидери кои мора со дела да покажат дека заканувачите на новинарите ќе бидат казнети, а тие ќе бидат заштитени.
Османи го поздрави вчерашното потпишување на заедничка Декларација од страна на Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите и другите меѓународни организации со мандат во слободата на изразување.
„Декларацијата ја нагласува критичната улога на медиумите како столб на демократијата. Вистина е дека ние, како лидери, треба да ја браниме и промовираме слободата на медиумите за правилно функционирање на демократските општества и институции“, рече Османи во своето обраќање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

