Македонија
Османи: Реформите интензивно ќе продолжат и во периодот до почетокот на преговорите со ЕУ
Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес во Брисел учествува на четиринаесеттиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација помеѓу Република Македонија и Европската Унија.
Како што информираат од кабинетот на Османи, на состанокот биле разгледани темите за односите меѓу Република Македонија и ЕУ во рамките на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, како и подготовките и предизвиците што произлегуваат од временската рамка за почеток на преговорите, која неодамна ја усвои Советот на Европската Унија.
„Денес, водени од успесите што ги постигнавме изминатава година, зборуваме за почнувањето на скрининг-процесот, за создавањето преговарачки тимови, преговарачка структура и воопшто за подготовката и на Европската комисија и на Република Македонија за почетокот на преговорите наредната година“, истакна Османи во воведот од своето обраќање пред Советот.
Вицепремиерот Османи изразил огромна благодарност до високата претставничка Могерини и еврокомесарот Хан, но и до нивните тимови за нивниот вложен несебичен напор и искрена поддршка во реализацијата на нашите амбиции.
Во продолжение Османи потенцира дека покрај самата подготовка за преговори, Владата има намера да го задржи и продлабочи позитивниот реформски импулс и да испорача видливи резултати во делот на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Сопиште, Петровец и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од дел од с.Долно Соње.(Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Горно, Средно и Долно Коњари. (Општина Петровец)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Чифлик. (Општина Сопиште)
· од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од с. Катлановска Сушица. (Општина Петровец)
· од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од ул. Вера Вучкова Жежељ, во нас. Хиподром. (Општина Гази Баба)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 10 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток ќе преовладува претежно стабилно време, а нови локални врнежи од дожд повторно се очекуваат во петок и во деновите од викендот.
Македонија
Во Битола по 67 пат одржана традиционалната Ноќна атлетска трка
Во рамките на одбележувањето на 4 Ноември, денот на ослободувањето на Битола, на Широк Сокак се одржа традиционалната Ноќна атлетска трка, во организација на Сојузот на спортови на Битола, со поддршка на Општина Битола.
Оваа манифестација, која се одржува по 67-ми пат е најстарата спортска манифестација во Битола. Годинава учествуаа над 700 учесници, основци, средношколци, студенти, граѓани и ветерани. Натпреварите се одвиваа во 24 категории, во машка и женска конкуренција.
Дел од наградите на најдобрите натпреварувачи им додели градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека манифестацијата претставува симбол на спортскиот дух и заедништвото на битолчани.
„Горд сум што во очи денот на ослободувањето на Битола можеме да ја прославиме спортската традиција на нашиот град. Ноќната трка е симбол на упорност, младост и љубов кон Битола. На сите учесници им честитам на храброста и ентузијазмот, а на победниците им посакувам уште многу успеси,“ рече Коњановски.

