Македонија
Османи: Северна Македонија ги почнува преговорите оваа година
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на дводневната работна посета на Брисел оствари средба со високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини, на која беа отворени темите за процесот на проширувањето на Унијата, како и перспективите на Република Северна Македонија пред претстојниот извештај на Комисијата, како и јунските состаноци на Советот на ЕУ.
„Покрај договорот од Преспа, имавме огромен успех и во постигнувањето на историскиот договор за добрососедство со Бугарија, како и суштински консензус за Законот за употребата на јазиците, со што ги отстранивме сите поголеми внатрешни и надворешни политички прашања“, истакна Османи, посочувајќи ја европската перспектива за основно гориво за овој успех, со што јасно се исцртува моќта на европската идеја за позитивна трансформација на општествата.
„Република Северна Македонија веќе нема отворени политички прашања, и повторно го зазема централното место на Балканот, како главен партнер на ЕУ и НАТО во промоција на демократските и западните вредности во регионот“- истакна Османи, пренесувајќи ѝ ги на високата претставничка високите очекувања во земјава за напредок во европските интеграции оваа година.
„Почетокот на преговорите со Република Северна Македонија оваа година, покрај засилувањето на европскиот моментум во земјава, ќе претставува и јасен сигнал за целиот регион – како позитивен пример и мотивација за затворање на отворените прашања низ дијалог, политичка отвореност и позитивен пристап “ – додаде Османи, притоа посочувајќи особено на дијалогот меѓу Приштина и Белград како еден од најважните политички предизвици во регионот.
За време на работната посета на Брисел, вицепремиерот Османи оствари средба и со еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, одржа брифинг со претставници на работната група при Советот на ЕУ за Западен Балкан/проширување (КОВЕБ/КОЕЛА), a ќе учествува и на брифинг во влијателниот тинк-тенк Центар за европска политика (ЕРС) на тема „Северна Македонија на патот кон ЕУ: ‘Хоум ран’ во преговорите за пристапување?“ како и на конференцијата на тема: „Безбедност во ЈИЕ – безбедност низ Европа” во организација на Фондацијата „Ханс Сејдел“ (Hanns Seidel Foundation).
По завршувањето на работната посета на Брисел, вицепремиерот Османи ќе отпатува за Виена, каде што ќе учествува на состанок на Министри задолжени за европски прашања од земјите од Западен Балкан, кое се одржува под покровителство на сојузниот министер за европски прашања на Австрија при канцеларијата на сојузниот канцелар, Гернот Блумел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Агресивен карцином кај 10 годишната Ева, се бараат донации
Десетгодишната Ева е девојче кое се бори со е бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
„Ви се обраќам во име на моето семејство и за најважната личност во нашиот свет, Ева, која е радосно, љубопитно, отворено, храбро десетгодишно дете кое одеднаш се соочува со борбата на својот живот. Нашето мало сонце се бори со агресивна форма на остеосарком (редок малиген рак на коските) кој бара интензивен и долготраен третман.
Овој вид на дијагноза не може да се лекува во Македонија, бидејќи нема центри ниту експертиза за да се обезбеди потребната грижа и третман. Туморот е класифициран како високостепен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри.
Времето и дејствувањето се критични. Во моментов таа е примена во специјализирана клиника во Минхен – Германија, каде што ја завршуваме последната фаза од дијагностиката (закажан термин за ПЕТ/КТ скенирање следната недела, по МРИ, биопсија, рендгенски снимки и крвни проверки).
Од она што го знаеме, третманот ќе следи во три фази:
1. Приближно два месеци интензивна хемотерапија
2. Хируршко отстранување на туморот
3. Дополнителни шест месеци хемотерапија“, стои во објавата.
Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Донации за помош на малата Ева може да се дадат на следниот линк.
Македонија
Телефонски разговор на Муцунски со Гидеон Саʼар за состојбата со Иран
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност.
– Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, се наведува во соопштението.
Македонија
Почина хирургот и професор Владо Јаневски
По повеќегодишно боледување, на 71-годишна возраст, денеска почина познатиот хирург, професор и доктор Владо Јаневски, сопруг на министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Јаневски важеше за истакнат медицински професионалец кој зад себе остави значаен придонес во хирургијата и медицинската едукација. Во текот на својата кариера, своето знаење и искуство ги пренесе на бројни лекари и хирурзи, кои денес работат во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, како и во приватните здравствени установи.
Посмртните останки ќе бидат изложени утре, 1 март, во 11:00 часот, во капелата во Бутел.

