Македонија
Османи: Со концептот „Интеграција пред членство“, ќе се врати кредибилитетот на проширувањето на ЕУ
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес, во рамки на Генералната дебата на ОН во Њујорк, учествуваше на состанокот на министрите за надворешни работи од државите на Западен Балкан, во организација на вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани.
Состанокот се одржа во контекст на засилениот фокус на Италија кон забрзување на процесот на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, како и поттикнување на регионалната соработка.
Министерот Османи нагласи дека Северна Македонија посветено работи на што посеопфатно прифаќање на концептот за повеќе интеграција на државите од Западен Балкан пред полноправното членство во ЕУ.
“Граѓаните треба да ги почувствуваат конкретните придобивки од членството во ЕУ уште додека течат преговорите, а не дури по формалниот влез во ЕУ. Преку Концептот „Интеграција пред членство“, ќе се врати кредибилитетот на проширувањето на ЕУ, а граѓаните ќе ја вратат довербата за успешноста во преговарачкиот процес и предизвиците со кои се соочуваме во текот на интеграцијата”, истакна Османи.
Во фокусот на состанокот и регионалната соработка. Берлинскиот процес продолжува да биде сеопфатна регионална иницијатива со најголема политичко-економска тежина, движечка сила на регионалната соработка на највисоко ниво и иницијатор на Заедничкиот регионален пазар на Западен Балкан и Зелената Агенда.
Министерот Османи го потенцира значењето на Иницијативата 8 меѓу Италија, Албанија, Бугарија и Северна Македонија, велејќи дека истата претставува одлична можност за унапредување на соработката и поддршка на спроведувањето на паневропскиот Коридор VIII.
“Завршувањето на железничкото и автопатското поврзување значително ќе придонесе за економскиот раст на регионот и за интеграцијата на Западен Балкан во ЕУ”, рече Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нестабилно време со дожд и грмежи до среда
По врнежите и невремето по кое во текот на ноќта полавени беа подруми во Охрид, од УХМР најавуваат дека до среда ќе се задржи нестабилно време, претежно во попладневните часови со локален пороен дожд и грмежи.
Во четврток ќе има услови за краткотраен дожд, претежно во планинските подрачја, а преодно стабилизирање на времето се очекува во петок.
Температурите ќе бидат без значителна промена.
Македонија
Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја
Без електрична енергија утре ќе останат делови од општините Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров.
Како што соопшти РЦУК – Скопје, без струја во периодот од 09:00 до 15:00 часот ќе останат корисниците на дел од село Долно Лисиче, реонот околу чаталот, ул.10 во општина Аеродром, од 10:30 до 14:30 часот дел од улица 16, на патот кон Визбеговово општина Карпош, а од 13:00 до 14:30 часот објектите на градинката Росица, на ул.„Мечкин Камен“, бр.45А. во општина Ѓорче Петров.
Македонија
Скопските и тетовските пожарникари гасеа три огнови на отворено, соопшти ЦУК
Во изминатото деноноќие Центарот за управување со кризи информира дека биле евидентирани три пожари на отворено.
Регионалниот ЦУК Скопје соопштил дека БППЗ на Град Скопје во изминатото деноноќие имала две помали интервенции поради запалено ѓубре и тоа на ул. „Ферид Заири“ во Општина Чаир и кај Езерото Треска во Општина Сарај.
Регионалниот ЦУК Тетово известил дека ТППЕ Тетово имала една помала интервенција поради запалена ниска вегетација кај село Чифлик во Општина Желино.
Центарот за управување со кризи соопшти дека изминатите 24 часа имало вкупно 1.491 повици на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Од нив „реални“ повици биле 62,84 отсто, а 37,16 отсто биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Кон полиција биле упатени 63,18 отсто, кон итната медицинска помош 29,09 проценти, кон пожарникарите 2,73 отсто, a кон АМСМ 1,36 отсто од повиците кон бројот 112.