Македонија
Османи со последна порака до младите: „Гласајте за кредибилна понуда! Зошто државата да им ја оставиме на некој за да експериментира?!“
Кандидатот за претседател на Република Северна Македонија од мултиетничката коалиција Европски фронт, Бујар Османи, во пресрет на денешното заокружување на предизборната кампања, одржа конструктивна средба со младите, од кои повеќето во среда за прв пат го користат правото на глас. Зборувајќи за важноста на гласањето, Османи јасно стави до знаење дека тие се оние кои ќе ја одредат иднината на државата избирајќи изолација или интеграција, исклучувачка супремација или сеопфатност и меѓуетничка хармонија.
„Гласот не е само право, гласот е одговорност, затоа што секој од нас има по еден, а таа одговорност е како камен, кој од него или гради ѕид или мост, зависи како ќе го поставите. Можете да изградите ѕид од камења и да спречите комуникација меѓу локалните заедници, да спречите комуникација со светот или да го користите за да изградите мост и да ги поврзете заедниците, да ги поврзете луѓето. Бидејќи ние сме мултиетничка земја, убавината на земјата е разноликоста на етникуми, јазици, религии и различни култури, и ова треба да се гледа како богатство на нашата земја. А за да биде функционална, треба да се градат мостови на комуникација“, рече Османи.
Тој на младите им зборуваше за конкретните резултати, придобивките преку зајакнување на правилната политика. Последната порака на кандидатот за Претседател до младите беше следнава:
„Треба да анализирате две прашања како гласачи, кога гласате за првпат. Кој ја дава понудата и каква е понудата? На прашањето кој е тој што ја дава понудата, пред се, има ли кредибилитет. Тоа го слушам на социјалните мрежи кога велат дека овие ДУИ одамна се во политика, долго време министри. Јас велам, кога одите и барате хирург да ве оперира, кој хирург го барате: оној што оперирал многу случаи, долги години е во својата професија, добро го научил занаетот и знаете дека добро ќе ја изврши операцијата, или ќе побарате некој за да експериментира со вашето здравје? Сигурен сум, сите ги прашуваат колку случаи си оперирал. Ако си под 500 случаи, не ти влегувам воопшто во сала, затоа што не можеш да вежбаш со мене. Така е и со државата. Зошто да ја оставиме државата на луѓе кои ќе експериментираат со неа?! Затоа, нашиот политички сојуз направи спој на генерации, имате луѓе кои имаат искуство, но имате и млади луѓе на кои им се дава шанса околу себе…
Сега пред вас се појавува политичка партија, голем фронт кој исполни се што вети, во секој поглед. Тоа му дава кредибилитет да ја даде новата понуда. На пример, кога ќе дојде, да го земам за пример Али Ахмети, и ви каже „Сакам да го имам првиот претседател“, во прво ќе кажете „Полека дали тој го предложи првиот премиер и го оствари тоа?! Зошто да не верувам дека тој ќе го направи и првиот Претседател?!“ Кога некој ќе ви дојде и ќе ви рече „Ќе го направиме првиот претседател“, а кој не поместил ниту камен во животот, во кариерата, ќе речете „Не ми кажувај прикаски!“ Но, некој што исполнил се што ветил, тогаш тоа треба да се сфати како сериозна понуда“, изјави Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

