Македонија
Османи: Упадот во ИВЗ е срамен чин
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Клеменс Која, на која беа разменети информации и мислења за повеќе актуелни теми.
„Инцидентот со упадот во Исламската верска заедница претставува срамен чин кој ја загрозува секуларноста на земјата и уставно загарантираната автономија на верските заедници во Република Северна Македонија и очекувам од Владата, но и од други институции, да преземат активности со кои ќе ја заштитат независноста на ИВЗ“, истакна Османи посочувајќи дека ваквите инциденти со сигурност негативно ќе влијаат на стабилните меѓуетнички односи, кои претставуваат плод на долгогодишен труд и внимателно однесување.
„Во моментот меѓуетничките односи се стабилни и цврсти и на тоа особено се гордееме, но тоа не е нешто што треба да се зема здраво за готово, туку, напротив, мораме активно да работиме на нивното одржување“, истакна Османи.
Во продолжение Османи и Која разговараа за можностите од остварување на проектот за статистичка и квалитативна анализа на судските одлуки, со кои би се утврдила објективноста на пресудите соодветно на етничката припадност на обвинетите како мериторен начин за одредување на објективноста и неселективноста во работата на судовите. Проектот предвидува стручна статистичка анализа каде што предмет на обработка би биле исти и слични случаи на обвиненија, при што би се анализирале висините на пресудите и нивната статистичка корелација соодветно на етничката припадност на обвинетите. Овие проекти имаат исклучителна успешност во утврдување на евентуалните наклонетости и субјективизам на судската фела во современите општества како основа за адресирање на овие прашања објективно и без предрасуди.
На крајот, Османи и Која изразија задоволство од начинот на кој беше организиран и спроведен првиот круг на изборите изразувајќи очекување дека овој успех ќе се повтори и во вториот круг, со што изборите во целост ќе ја рефлектираат демократската и политичката зрелост на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

