Македонија
Османи: Успешен референдум значи чекор поблиску до евро-атлантската интеграција
 
																								
												
												
											Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска во просториите на Секретаријатот за европски прашања oствари средба со германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот.
Вицепремиерот Османи најнапред изрази голема благодарност за континуираната поддршка и посветеноста на Германија на процесот на пристапување во Унијата на земјите од Западен Балкан, рефлектирана и преку иницијативата Берлински процес.
Во продолжение на средбата Османи се осврна на важноста на периодот во кој се наоѓа нашата земја на евроинтегративниот пат, во контекст на неодамнешната одлуката на Европскиот совет за временска рамката од 12 месеци, или јуни 2019 година, за почеток на преговорите за членство во Европската Унија. Притоа фокусот е ставен на подготовката за преговори преку скрининг-процесот, како и продлабочување на реформите и испорачување конкретни резултати во делот на судството, безбедносните служби, јавната администрација, но притоа не запоставувајќи ја ни борбата против организираниот криминал и корупцијата и сите други клучни области.
„Свесни сме за комплексноста на процесот, кој вклучува огромен корпус на законодавство на Унијата, кое треба да се транспонира во националното законодавство, но тоа се придобивки што водат кон суштинската трансформација на земјата во европско демократско општество со функционална пазарна економија, ефикасни институции и професионална администрација“, додаде Османи.
Сепак, Секретаријатот за европски прашања и администрацијата имаат долгогодишно искуство, пред сè, во имплементацијата на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, и воспоставена инфраструктура, која е подготвена да одговори на сите предизвици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
 
																	
																															Македонија
Завршува кампањата за вториот круг од локалните избори, на полноќ почнува изборниот молк
 
														На полноќ завршува кампањата за вториот круг од локалните избори што ќе се одржат во недела, 2 ноември. Со тоа почнува изборниот молк, кој ќе трае до затворањето на избирачките места во 19 часот во недела.
Во вториот круг ќе се гласа за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а на три избирачки места во Шуто Оризари ќе се спроведе прегласување за советници. Во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше ќе се повтори изборниот процес поради непостигнат цензус во првиот круг одржан на 19 октомври.
Синоќа во Скопје коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го одржа завршниот митинг, на кој зборуваа премиерот и лидер на партијата Христијан Мицкоски и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Мицкоски ги изрази очекувањата за историска победа во вториот круг, додека Ѓорѓиевски ги повика скопјани масовно да излезат на гласање и, како што рече, да покажат дека Скопје избира работа и човек кој знае и умее.
Движењето ЗНАМ најави мини митинг со обраќања на Мицкоски, Ѓорѓиевски и кандидатот за градоначалник на Центар, Мирослав Лабудовиќ, додека кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ, во текот на денот ќе одржи завршна прес-конференција.
Во Град Скопје право на глас имаат 474.304 гласачи, кои во недела ќе избираат меѓу Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица.
Македонија
Околу 130 килограми марихуана откриени на Табановце, поведена истрага
 
														Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.
На 29 октомври, на граничниот премин Табановце, во камион со полуприколка (ладилник) со словенечки регистарски ознаки, тој се обидел да пренесе 129,7 килограми наркотична дрога марихуана. Дрогата, во 14 торби скриени во камионот во сопственост на превозна компанија од Словенија, ги пронашле царинските службеници при контрола на возилото.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Македонија
Делови од Кисела Вода, Ѓорче Петров и Карпош денеска без струја
 
														Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот корисниците од бул. Борис Трајковски бр.1 (Пеглата) влез 2 (општина Кисела Вода)
– во периодот од 09.00 до 10.00 часот корисниците од Новоселски Пат, како и објектите на Стокомак, КАМ Маркет, бензинската пумпа ОКТА и објектите во нивна близина. (општина Ѓорче Петров)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од ул. Леринска, лоцирани во околината на бр. 3. (општина Карпош)


 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											 
														 
																											