Македонија
Османи утре во Рим на средба на министрите за надворешни работи на Западен Балкан
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/thumbnail_OSCEpol.jpg)
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи утре ќе престојува во работна посета на Италија.
Tаму ќе учествува за министерската средба на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан и министрите за надворешни работи на земјите од Групата „Пријатели на Западен Балкан”, на покана на министерот за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани.
На состанокот, Османи ќе се обрати на работната сесија на тема „Заедничка работа за забрзување на евро-интегративниот процес за Западен Балкан”.
Како што соопшти МНР, во рамки на посетата, Османи ќе има средба и со новите носители на МКарта во Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
Закани за животот упатени кон судии пријавил претседателот на Уставниот суд во МВР
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/02/sudija-1.jpg)
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска поднесе пријава до Министерството за внатрешни работи, за упатени закани по животот и безбедноста на судии на Уставниот суд.
Пријавата е поднесена поради директно упатени закани кон судија односно судии поврзани со постапување по конкретен предмет од страна на Судот.
Костадиновски најостро ги осудува ваквите закани упатени до судиите, истакнувајќи дека во едно демократско општество, вакви и слични закани претставуваат напад врз интегритетот на Уставниот суд, но и директен притисок врз независното и самостојно одлучување на сите судии.
Поради сериозноста на упатените јавни закани и повици за насилство, Судот очекува надлежните органи професионално и навремено да ги превземат сите неопходни мерки и активности за расветлување на овој но и слични закани кон судиите.
Македонија
„Немаме намера да импровизираме во образованието, младите мора да ги задржиме тука: Јаневска ја презеде функцијата министер за образование и наука од Шаќири
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/1.jpeg)
Модернизација на образованието и стимулација на научно-истражувачката дејност во Македонија, преку замена на импровизациите и ад хок одлуки со инклузивни долгорочни политики креирани со придонес на сите засегнати страни, најавува новата министерка за образование и наукаВесна Јаневска која денеска ја презеде функцијата од досегашниот министер Јетон Шаќири.
Како што посочи по средбата, многу скоро ќе започне процесот на темелна обнова на сите степени на формалното образование, но и на неформалното, а образовниот систем ќе биде синхронизиран со потребите на пазарот на трудот, за да не мора младите да бараат работен ангажман надвор од границите на татковината.
„Немаме намера да импровизираме во образованието. Имаме првичен и добар план за промени кои се креирани врз база на темелна анализа на моменталните состојби, во консултации со стручни лица и пошироката популација. Така што, од сите чинители на воспитно – образовниот систем очекувам поддршка за процесите кои предвидуваат крупни промени. Секако, во меѓувреме секоја сугестија ќе биде добредојдена“, рече Јаневска.
Таа се заблагодари на довербата дадена од мандатарот на Владата да раководи со ресорот, од кој како што рече, најмногу зависи иднината на државата и нагласи дека секоја конструктивна идеја додека е таа министерка, ќе се разгледа со должно внимание, независно од каде истата доаѓа.
„Сите сме согласни дека промените се неопходни и важно е единството и енергијата да ги одржиме на високо ниво во периодот што следи, затоа што нè чека многу работа. Младите мора да ги задржиме тука, каде што и припаѓаат, а квалитетното образование и можностите за искористување на личниот потенцијал во својата земја, се најголем мотив за тоа. Во никој случај нема да бидат заборавени ниту научните работници, затоа што, науката како што доликува, мора да биде клучен столб на кој ќе се потпира нашиот национален просперитет“, додаде новата министерка.
Потенцираше дека особено внимание ќе се посвети на инклузивното образование, со цел, како што рече, да го развиеме и унапредиме во најдобар интерес на учениците со попреченост, во соработка со нив и нивните родители.
Македонија
Зоран Љутков ја презеде функцијата министер за култура и туризам од Бисера Костадиновска-Стојчевска
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/ljutkov_k.stojcevska2.jpg)
Денеска, во просториите на Министерството за култура и туризам, беше извршено примопредавање на должноста министер за култура, помеѓу досегашниот министер Бисера Костадиновска – Стојчевска и новоименуваниот министер Зоран Љутков.
Досегашната министерка, Костадиновска – Стојчевска на новоизбраниот министер му ја честиташе новата должност и му посака успех во совладувањето на предизвиците поврзани со реализацијата на тековните и идни проекти на Министерството за култура и туризам.
Министерот Љутков истакна дека доаѓа време на промени, а пред сите чинители од областа на културата и туризмот, претстои интензивен период на макотрпна работа и инвестиции, што воедно претставува врвен приоритет на новата влада.