Македонија
Османи – Фон дер Лаен: Посетата доаѓа во вистинско време
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, на самиот почеток на нејзината посета на Скопје.
„Оваа посета доаѓа во вистинско време, при самото заокружување на широкиот консултативен процес за предлогот на Француското претседателство и Вашето денешно обраќање во Собранието го сметаме за значаен придонес во овој процес и поддршка за продолжување на нашите европски интеграции“, истакна Османи потсетувајќи дека е вторпат во нашата историја претседател на Европската комисија да се обрати во нашето Собрание.
Првиот пат Романо Проди, на самиот почеток на нашиот евроинтегративен пат, по повод потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, и сега на самиот почеток на преговорите како финална фаза пред нашето полноправно членство во Унијата, потсетуваат од кабинетот на Османи.
Изразувајќи благодарност за посетата, Османи истакна дека Европската комисија отсекогаш била докажан партнер на патот на евроинтегративен пат на земјава, стриктно и објективно анализирајќи ги состојбите и остварениот напредок преточен во извештаите за напредокот на државата. Оваа поддршка ќе продолжи и понатаму со официјалното отворање на пристапните преговори преку процесот на скрининг, се истакнува во официјалното соопштение.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради одрон во прекин е сообраќајот на регионалниот пат Ресен- Граничен премин Стење
Денеска од 07:55 часот, поради одрон на патот помеѓу селата Царев Двор и Отешево, во прекин е сообраќајот во двата правци на регионалниот пат Ресен – Граничен премин Стење.
„Апелираме до граѓаните да не се упатуваат кон овој пат, а надлежните институции преземаат мерки и активности за чистење на патот и нормализирање на сообраќајот, за што јавноста ќе биде соодветно известена“, велат од МВР.
Македонија
Без струја денеска делови од Чаир и Студеничани
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 16.00 часот, корисниците од улиците број 90, 131 и 191, корисниците од околните згради и продавниците кај 26 Јули, објектите на хотелите Хамбург и Аен, казиното Сенатор и адвокатското друштво Калач. (општина Чаир)
· во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од селата Драчевица, Цветово и Алдинци, вили Китка, Мала Река, Принцес, Караџица и Солунска Глава. (општина Студеничани)
Македонија
Без вода дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради водоводен приклучок од ф – 80 мм на улицата Ристо Равановски бр. 8, без вода ќе останат корисниците од улицата Ристо Равановски во општина Карпош.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 часот па се до завршување на работата.

