Македонија
Османи: Чешка е подготвена за брз почеток на преговорите по одобрување на европскиот предлог

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес оствари телефонски разговор со чешкиот министер за надворешни работи, Јан Липавски, на кој беше изразена поддршката за напредокот на државата во процесот на интеграција. Османи го увери соговорникот дека членството во Европската Унија е врвен државен интерес и првенствен надворешнополитички приоритет на Северна Македонија.
Соговорниците, како што информираат од неговиот кабинет, размениле мислења за потребата од брза и динамизирана реализација на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, со цел обезбедување стабилност, отпорност и развој на регионот на Западен Балкан во сегашниот несигурен геополитички контекст.
Во таа насока министерот Липавски ја потенцирал подготвеноста за брзо организирање на првата меѓувладина конференција откога Северна Македонија ќе го одобри европскиот предлог.
Двајцата соговорници ги повториле клучните аспекти од компромисниот предлог, што ја води земјава поблиску до Европската Унија, земајќи ги предвид и нашите интереси во смисла на чиста формулација на македонскиот јазик; изостанување на историските прашања во преговарачката рамка и почнувањето на пристапните преговори веднаш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради менување на водоводен вентил од Ф 1” (Цол) на улицата 1732 бб спроти сала Маракана Градски Парк, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Градско Собрание, Маракани Клуб Работнички во општина Центар.
Водоснабдување ќе биде прекинато од 09:00 часот до санирање на дефектот.
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по наместа влажни коловози. Врнежи од снег со слаб интезитет бележиме во Берово кој во моментов не преставува пречка за сообраќајот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Чучер Сандево и Студеничани денеска без струја

ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 16.00 часот, корисниците од село Горно Оризари, Каменолом Гаранит, село Глуво, село Бразда и село Голиево во општина Чучер Сандево;
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците од делот кај општината Студеничани.