Македонија
Османи-Шаленберг: Во фокусот предизвиците околу миграциите со кои е соочен европскиот континент
Министерот за надворешни работи, Бујар Oсмани, денес, во Виена, оствари средба со Сојузниот министер за европски и меѓународни прашања, Александар Шаленберг.
Во фокусот на разговорите беа актуелните случувања во ОБСЕ регионот, впечатоците од одржаниот министерски совет на ОБСЕ во Полска, како и приоритетите на претседавањето со Организацијата од страна на Северна Македонија. Централна тема беа предизвиците на руската агресија врз Украина, но и нестабилноста во целиот ОБСЕ регион, другите конфликти и идната улога на Организацијата.
Двајцата министри се осврнаа и на актуелните предизвици околу миграциите со кои е соочен европскиот континент, при што беше потенцирана улогата на Северна Македонија која успешно се справува со мигрантските текови кои се дел од т.н. Балканска рута на движење.
„Потпишувањето на Договорот помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија за оперативни активности спроведени од Агенцијата на ЕУ Фронтекс, со кој се воспоставуваат одржливи и трајни решенија во справување со илегалната миграција и прекуграничниот криминал претставува суштинска додадена вредност во справувањето со мигрантската криза. Како и порано, ние остануваме партнери и на Европската Унија, но и посебно на земјите од нашето пошироко регионална опкружување со цел справување со било каква можна ескалација на овие состојби“ истакна Османи.
Се заблагодари за учеството на австриски полициски службеници во рамки на заедничката меѓународна операција за заштита на нашата јужна граница, поддржана од Европската Комисија, како значителен придонес во зајакнување на капацитетите на нашата гранична полиција во борбата против илегалната миграција и криумчарењето мигранти.
Соговорниците се осврнаа и на продлабочувањето на развиената економска соработка меѓу двете држави, политичко-економските последици, предизвикани од руската воена агресија врз Украина и други актуелни меѓународни прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

