Македонија
Османи: Шведска е голем поддржувач на политичкиот и економскиот напредок на земјата
Шведска е голем поддржувач на политичкиот и економскиот напредок на земјата. Ваков е заклучокот од средбата што ја остварија заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, и генералниот директор за меѓународна развојна соработка во рамките на Министертвото за надворешни работи на Кралството Шведска, Јоханес Олјелунд.
На средбата беа отворени темите за билатералната соработка помеѓу двете земји, напредокот на Република Македонија во евроинтегративниот процес на Македонија, како и за поддршката на Кралството Шведска за процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан.
„Шведска претставува еден од поважните контрибутори во изградбата на современата мултиетничка демократија во Република Македонија од сите аспекти“, истакна Османи посочувајќи на силната политичка поддршка од страна на Шведска во окончување на долгата и политичка криза, како и значењето на развојната компонента од билатералната соработка, која правилно е таргетирана и најмногу насочена кон изградбата и засилувањето на демократските институции во земјата.
„Исклучително ни значи фактот што Република Македонија е повторно помеѓу приоритетните партнер-држави на шведската развојна агенда, со што покрај директните бенефити од развојната помош, Шведска јасно покажа дека е пријател на Република Македонија како во развојна така и во политичка смисла“, истакна Османи.
За време на средбата вицепремиерот Османи ја потврди посветеноста на Владата во задржувањето на реформската агенда на врвот на листата приоритети и по добивањето на препораката од страна на Европската комисија. Во таа насока Османи му претстави на Олјелунд делови од новиот план 18 и додаде дека тој претставува логично продолжение на планот 3-6-9, кој се очекува да обезбеди соодветна реформска агенда во периодот од добивањето на препораката, па сè до фактичкиот почеток на преговорите.
„Изминатиов период направивме огромен исчекор, спроведовме суштински реформи, но и затворивме многу тешки и комплексни политички прашања, со што покажавме политичка сериозност од европски карактер. Ни претстои клучен период, историска шанса за да направиме значаен исчекор во нашите евро-атлантски интеграции и сега ни е потребна целата поддршка од нашите меѓународни пријатели“, заклучи Османи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски – Брунер: Европската интеграција, борбата против организираниот криминал и зајакнатото гранично управување во фокусот на средбата
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работна средба со комесарот за внатрешни работи и миграција на Европската унија, Магнус Брунер, на која беше потврдена силната посветеност на Република Северна Македонија кон евроинтегративниот процес и понатамошното усогласување со европските стандарди во областите правда, слобода и безбедност.
На средбата министерот Тошковски изрази благодарност за континуираната експертска и финансиска поддршка од Европската унија, нагласувајќи дека Министерството за внатрешни работи останува кредибилен партнер кој активно придонесува за безбедноста на Унијата преку спроведување на проектите, реформите, усогласување на националното законодавство со правото на ЕУ и имплементација на мерките од Реформската агенда.
На средбата беше констатирано дека партнерството со институциите на Европската унија има клучна улога во унапредувањето на националната и европската безбедност, при што беше изразена заедничка подготвеност за продлабочување на соработката во наредниот период.
Македонија
Општина Илинден: Засилени активности за чистење и редовно одржување на каналската мрежа и речните корита
Општина Илинден продолжува со засилени активности за чистење и редовно одржување на каналската мрежа и речните корита на својата територија, со цел зголемување на проточноста и намалување на ризикот од поплави, информираат од општината.
Во изминатиот период беше реализирано чистење на коритото на Сува Река, на потегот од вливот на „Бучинско езеро“ до излезот од населеното место Бучинци, во должина од 850 метри. Дополнително, извршено е чистење на сисавецот на главниот канал „Млака“, на потегот од пречистителната станица во населеното место Илинден до вливот во главниот канал, во должина од 800 метри.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски изврши увид на каналот „Шамак“, во н.м Кадино каде во моментов се спроведува чистење во вкупна должина од 1.200 метри. Како што истакна градоначалникот Георгиевски, по обилните врнежи овој канал беше утврден како критична точка, а неговото расчистување е од особено значење за безбедноста на жителите од овој дел на општината.
Имајќи предвид дека каналската мрежа на Општина Илинден е под нивото на реката Вардар, одводнувањето се реализира со пумпни уреди преку кои се испумпуваат до 2.800 литри вода во секунда, што дополнително ја потенцира потребата од редовно и навремено одржување на системот. Благодарение на континуираното чистење и одржување на каналите и речните корита, изминатиот период со обилни врнежи беше надминат без потешкотии и несакани последици.
Согласно Годишната програма на Општината, Годишната програма на Водостопанство и Акциониот план за чистење на каналската мрежа, во текот на 2026 година предвидено е чистење на вкупно 24.250 метри канали и речни корита на територијата на сите населени места во Општина Илинден.
„Општина Илинден и годинава ја презема обврската за покривање на водниот надомест за редовно одржување, чистење и нивелирање на отворените канали, со што јасно ја демонстрира својата континуирана заложба за подобрување на инфраструктурата и обезбедување побезбедна, почиста и поквалитетна животна средина за сите граѓан“, се истакнува во соопштението.
Македонија
МЗШВ: Засилени контроли на АХВ во Липково, поради појава на сипаници кај овците и козите
Денеска, во просториите на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерот Цветан Трипуновски, заедно со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов остварија средба со одгледувачите на овци.
На средбата се разговараше за актуелната епидемиолошка состојба со болеста сипаници кај овците и козите во о. Липково, Кумановско.
Со цел да се спречат нови жаришта на територијата на државата, неопходно е одгледувачите на овци да се придржуваат кон пропишаните контролни и заштитни мерки за спречување на ширењето на болеста, донесено од страна на Агенцијата и движењето на животните да биде со издаден ветеринарно – здравствен сертификат од надлежното ветеринарно друштво. Доколку сточарите забележат некои симптоми или нагли промени кај животните, вклучително и зголемена смртност, да ги известат ветеринарните друштва и Агенцијата за храна и ветеринарство.
Надлежните институции спроведуваат контролни и заштитни мерки во заштитната зона во радиус од 3 километри и во зоната под надзор во радиус од 10 километри околу одгледувалиштата каде што е потврдена болеста, со цел навремено информирање на сточарите за појавата и ширењето на болеста.
Дополнително, на средбата беше истакнато дека извозот на јагнешко месо, производи од јагнешко месо и производи од млеко добиено од овчо млеко кои биле подложни на пастеризација не е доведен во прашање, движењето на животните од одгледувалиштата кон кланичните капацитети не е забрането, додека во сила остануваат рестрикциите за движење на живи животни и за работа на добиточните пазари. Во зависност од развојот на епидемиолошката состојба на терен се очекува кон средината на идниот месец да бидат донесени нови заштитни и контролни мерки за справување со болеста.

