Македонија
Османи ќе го промовира конкурсот „Со европско знаење до европската престолнина“
Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, денеска ќе одржи средба со студентите и дел од професорите при Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје, каде ќе го промовира конкурсот на Секретаријатот за европски прашања „Со европско знаење до европската престолнина“.
Во рамките на посетата, вицепремиерот Османи ќе има обраќање пред студентите за актуелностите со кои се соочува Република Северна Македонија во процесот на европските интеграции, а претставници на Секретаријатот за европски прашања ќе ги презентираат техничките делови од нивната работа.
Османи ќе има средба и со студентите и дел од професорите при Правниот факултет при Универзитетот во Тетово, каде што ќе го промовира конкурсот на Секретаријатот за европски прашања „Со европско знаење до европската престолнина“.
Тој ќе им се обрати на студентите за актуелностите со кои се соочува Република Северна Македонија во процесот на европската интеграција, а претставници на Секретаријатот за европски прашања ќе ја презентираат состојбата во процесот на европска интеграција, како и состојбата во искористувањето на ИПА-фондовите.
На конкурсот „Со европско знаење до европската престолнина“ може да учествуваат студентите на општествените науки при државните универзитети, со изработка на есеи на однапред определени теми и во координација со менторите од нивните факултети. Преку есеите тие ќе имаат можност да го покажат своето европско знаење и, како што е предвидено со правилата на конкурсот, најдобрите 12 ќе добијат шанса да ја почувствуваат атмосферата во Брисел, преку тридневна студиска посета на европската престолнина, каде што ќе имаат можност да ги посетат клучните институции на ЕУ и да се запознаат со начинот на нивната работа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Наутро услови за магла, во текот на денот претежно облачно
Наутро по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 6, а максималната ќе достигне од 16 до 19 степени.
Во Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде претежно облачно. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на нестабилно време со појава на магла во утринските часови. Од вторник ќе преовладува променливо облачно време со локални врнежи од дожд, наместа пообилни (над 30 l/m²). Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, а долж Повардарието од југоисточен правец (над 60 km/h).
Македонија
Без вода денеска дел од Карпош
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради промена на 3 затворачи на улицата Франклин Рузвелт 37, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Франклин Рузвелт, Рампо Левката и Дрезденска, вклучително и домот „Здравко Цветковски“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Македонија
Делови од Сарај, Центар, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.30 до 11.00 часот, дел од корисниците на ул 4и 10во сарај кај Џамијата (општина Сарај)
· во периодот од 08.30 до 13.00 часот, дел од ул.Васил Стефановски и 20ти Октомври (општина Центар)
· во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците на ул.Ловќинска кај Германска Амбасада (општина Карпош)
· во периодот од 01.00 до 13.00 часот ул.Михајл и Ефтихиј и Георги Димитров (општина Кисела Вода)
во периодот од 11.00 до 14.00 часот ул. 18,38 и ул.40 во Стајковци (општина Гази Баба)

